Хелиобактерии
Научна класификација
Царство: Bacteria
Колено: Firmicutes
Класа: Clostridia
Ред: Clostridiales
Семејство: Heliobacteriaceae
Родови[1]

Candidatus Helioclostridium
Heliobacterium
Heliobacillus
Heliophilum
Heliorestis

Хелиобактериите (фамилија Heliobacteriaceae) се мала група на фотосинтетски бактерии, кои се единствените фототрофи во коленото Firmicutes.[2][3]

Главниот фотосинтетски пигмент кај овие бактерии е бактериохлорофил g, кој исклучиво се среќава кај нив, а има уникатен апсорпционен спектар што им дава на хелиобактериите одредена ниша во животната средина.[3]

Фотосинтетскиот реакционен центар е тип 1 хомодимер,[4] и се наоѓа во клеточната мембрана која не е набрана или компарментализирана, како кај повеќето други фототрофни бактерии. При недостаток на светлина, хелиобактериите можат да растат снабдувајќи се со енергија преку процесот на ферментација на пируват.

Хелиобактериите се фотохетеротрофи, што значи дека како извор на јаглерод можат да користат само органски соединенија (за разлика од цијанобактериите кои се фотоавтотрофи бидејќи како извор на јаглерод го користат јаглерод диоксидот).[3] Поради осетливоста на бактериохлорофилот g на кислород, хелиобактериите се стриктни анаероби.[2][3] Досега, тие се најдени само во почвите, особено во влажните почви на оризовите полиња. Нивната азотофиксирачка способност се смета дека придонесува за плодноста на оризовите полиња.

Таксономија

уреди

РНК-заснованите филогенетски дрва ги сместуваат хелиобактериите во рамките на коленото Firmicutes, меѓутоа тие не се бојат Грам-позитивнокако останатите припадници на ова колено.[3]

Тие не поседуваат надворешна мембрана, а слично на клостридиите способни се да формираат топлински отпорни ендоспори кои содржат високо ниво на калциум и дипоколинска киселина.[2]

Хелиобактериите не треба да се мешаат со Helicobacter, кој е сосема различен род на бактерии, од друго колено .

Фамилија Heliobacteriaceae[5][6]

  • Candidatus Helioclostridium♠ Girija et al. 2006
    • Candidatus Helioclostridium ananthapuram♠ Girija et al. 2006
  • Heliorestis Bryantseva et al. 2000
    • H. baculata Bryantseva et al. 2001
    • H. convolutaAsao et al. 2005
    • H. daurensis Bryantseva et al. 2000
  • Heliophilum Ormerod et al. 1996
    • Heliophilum fasciatum Ormerod et al. 1996
  • Heliobacillus Beer-Romero и Gest 1998
    • Candidatus H. elongatus♠  Girija et al. 2006
    • H. mobilis Beer-Romero и Gest 1998
  • Heliobacterium Gest и Favinger 1985
    • H. aridinosum♠  Girija et al. 2006
    • H. chlorum Gest и Favinger 1985
    • H. gestii Ormerod et al. 1996
    • H. modesticaldum Kimble et al. 1996
    • H. sulfidophilum Bryantseva et al. 2001
    • H. undosum Bryantseva et al. 2001

Забелешки:

♠ Видот се наоѓа во Националниот центар за биотехнолошки информации (анг. National Center for Biotechnology Information - NCBI), но не во Бактериолошкиот кодекс (Bacteriological Code, 1990 година и последователна ревизија), како што е наведено од страна на Списокот на имиња на прокариотите со евиденција во номенклатурата (анг. List of Prokaryotic names with Standing in Nomenclature - LPSN) како резултат на следниве причини:

• Нема чиста култура.

• Не се валидно објавени бидејќи делотворната публикација го документира видот или сојот само во една призната колекција од култури.

• Не се одобрени и објавени од страна на Меѓународен весник за систематска бактериологија (анг. International Journal of Systematic Bacteriology) или Меѓународен весник на систематска и еволутивна микробиологија (анг. International Journal of Systematic and Evolutionary Microbiology) (IJSB/IJSEM).

Наводи

уреди
  1. [Madigan M T, Martinko J M, Dunlap P V, Clark D P. (2009). Brock Biology of Microorganisms 12th edition, p. 453-454].
  2. 2,0 2,1 2,2 Sattley, W. Matthew; Madigan, Michael T. (2014). The Prokaryotes (англиски). Springer, Berlin, Heidelberg. стр. 185–196. doi:10.1007/978-3-642-30120-9_362. ISBN 9783642301193.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Blankenship, Robert (2014). Molecular Mechanisms of Photosynthesis. Wiley-Blackwell. стр. 19. ISBN 1405189754.
  4. Gisriel, Christopher; Sarrou, Iosifina; Ferlez, Bryan; Golbeck, John H.; Redding, Kevin E.; Fromme, Raimund (2017-07-27). „Structure of a symmetric photosynthetic reaction center–photosystem“. Science (англиски): eaan5611. doi:10.1126/science.aan5611. ISSN 0036-8075. PMID 28751471.
  5. taxonomy. „Taxonomy Browser“. www.ncbi.nlm.nih.gov. Посетено на 2018-02-08.
  6. „Classification of bacteria“. 2013-01-27. Архивирано од изворникот на 2013-01-27. Посетено на 2018-02-08.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)