Хелголандски дијалект
Хелголандски дијалект или халундски (Halunder) — дијалект на севернофризискиот јазик говорен на германскиот остров Хелголанд во Северното Море.[3] Денес дијалектот се говори од одвај 150 лица од вкупно 1.650 жители на островот и се предава во училиштата.[1] Хелголандски е блиску поврзан со островските севернофризиски дијалекти фериншки и емраншки поради средновековното рибарство околу Хелголанд кое привлекувало Фризи од островите Фер и Амрум. Всушност, фериншки и емраншки се поблиску во јазична смисла до дијалектот на Хелголанд отколку на соседниот остров Зилт, зелриншки.[4]
Хелголандски севернофризиски | |
---|---|
Halunder | |
Застапен во | Германија |
Подрачје | Хелголанд |
Говорници | околу 150 (2009)[1] |
Јазично семејство | индоевропско
|
Статус | |
Службен во | Хелголанд |
Јазични кодови | |
ISO 639-3 | – |
Linguasphere | 52-ABB-dbe[2] |
Севернофризиски дијалекти |
Џејмс Крис е најпознатиот писател на поеми и раскази на хелголандски, додека Марија Лајтгебер (1906–1979) ја напишала најзначајната проза.[5]
На 24 декември 2004 година во сила стапил закон во германската покраина Шлезвиг-Холштајн, со кој се признал севернофризискиот јазик за официјална употреба во округот Северна Фризија и на Хелголанд.[6]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Реплингер, Роџер (7 јануари 2009). „Halunder for Beginners“. Die Tageszeitung (германски). Посетено на 30 септември 2012.
- ↑ „h“ (PDF). The Linguasphere Register. стр. 175. Архивирано од изворникот (PDF) на 2014-08-27. Посетено на 1 март 2013.
- ↑ W. B. Lockwood, A Panorama of Indo-European Languages, London: Hutchison University Library, 1972, p. 107
- ↑ Faltings, Jan I. (2011). Föhrer Grönlandfahrt im 18. und 19. Jahrhundert (германски). Амрум: Verlag Jens Quedens. стр. 15–16. ISBN 978-3-924422-95-0.
- ↑ Steensen, Thomas (1999). „Zwei Jahrhunderte nordfriesischer Literatur - ein kurzer Rück- und Ausblick“. Zeitschrift für Kultur- und Bildungswissenschaften (германски). Фленсбуршки универзитет (8): 121–127. Архивирано од изворникот на 2014-11-04. Посетено на 2014-11-16.
- ↑ „Gesetz zur Förderung des Friesischen im öffentlichen Raum“. Викиизвор (германски).
Поврзано
уредиОваа статија поврзана со индоевропските јазици е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Оваа статија поврзана со Германија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |