Хвалински национален парк

Национален парк Хвалински ( руски: Хвалынский) ја опфаќа ридската висорамнина Волга, покриена со мешани дабови и иглолисни шуми, долж западната страна на реката Волга. Сместен е на 1 000 км северно од Каспиското Море, во Саратовската област. Западно 10 км, од северниот крај на паркот се наоѓа градот Хвалинск, а на околу 200 км североисточно од Саратов на Волга. Зафаќа површина од 255 км². Паркот беше официјално формиран во 1994 година.[1]

Хвалински национален парк
МСЗП — Категорија II (национален парк)
МестоСаратовска областРусија Русија
Најблизок градХвалинск
Површина255 км²
Воспоставен(а)1994 година

Топографија

уреди

Паркот се наоѓа на Хваланскиот гребем, подигната висорамнина што се протега долж западниот брег на реката Волга. Поради тоа што се наоѓа во подножјето на гребенот во составот на земјиштето преовладува креда и лапор, составот на почвата одразува широка ерозија од центарот на гребенот, со ридски терен и бројни меѓусебно поврзани рамнини и пристаништа. Различни форми на почва создаваат повеќе микроклими и живеалишта. Најголемата планина (Беленкаја, скоро целосно изработена од креда) е висока 369 м, а има уште пет планини високи над 250 м. Планините во паркот се претежно прекриени со шуми.[1] Волга достигнува најголема длабочина (22 м) во паркот.

Над 90% од областа на паркот е покриена со шума. Постојат бројни извори на подземни води.[2] Живеалиштата вклучуваат борови и листопадни шуми, мали реки и шуплини и разни видови шуми и степи.[1]

Клима

уреди

Климата е континентална, со топли, суви лета и умерени зими. Зимите траат од крајот на ноември до почетокот на април, со снежна покривка со просечна дебелина од околу 33 см.[3]

Животни

уреди

Бидејќи паркот Хвалински се граничи со многу еколошки зони - шуми, полусуви степи, Волга, планини, ливади и поточни долини - има сложена разновидност на живеалишта. Овие различни форми на живеалишта се населени со голем број на различни растенија и животни, од кои многу се ретки или загрозени.[3] Мали цицачи се чести, вклучувајќи и зајаци, дабари, лисици и волци. Меѓу влекачите, вообичаени се европски стајњак( шарка ) и индикаторот за комплексно живеалиште. Од грабливите птици се среќаваат бели орли, орел-рибар и загрозени степски соколи.

Растенија

уреди

Дрвјата кои претежно формираат шуми се даб (40%), липа (30%) и бор (21%), со многу помал удел на други видови, вклучувајќи остатоци од овоштарници на некои од рабовите на паркот.[3] Во паркот се идентификувани над 970 различни васкуларни растенија, од кои 26 се ретки или загрозени (наведени на официјалното мрежно место на паркот).[1]

Туризам

уреди

Туризмот од година во година сè повеќе се развива. Некои од главните атракции за туристите се „Патување до дното на древното море“ што ја нагласува геологијата на овие простори, пештерата Монако, Музејот за секојдневен живот на селаните, капелата и Светиот извор. Автомобилите не се дозволени во заштитената зона. Сместувањето во пансионите мора да се резервира однапред,[4] или во блискиот град Хвалинск. Годишно околу 30-35 илјади луѓе го посетуваат паркот.[3]

Претставнички животни на паркот може да се видат во зоолошката градина во паркот, а со претходниот аранжман, посетителите можат да го доживеат „Хвалински сафари“ во самиот парк. На работ на паркот има ски центар, како и хотели во одморалиштето.[4] Во градот Хвалинск, североисточно од паркот, има локален историски музеј.

Користена литература

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Director of National Park Khavlynsky. „NP Kvalynsky“. Main Website of the Khavalynsky Park. Ministry of Natural Resources and Environment of the Russian Federation. Посетено на 31 октомври 2015.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  2. MNP Russia. „ProtectedKhvalynsky“. Protected Areas of Russia, Khvalynsky. Ministry of Natural Resources and Environment of the Russian Federation. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 31 октомври 2015.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 OOPT Russia. „ooptinfo“. Russia Protecfed Areas. Посетено на 31 октомври 2015.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  4. 4,0 4,1 Russia Info-Center. „RussiaIC“. Natural Park of Khvalynsk and its Nature Trails. <publisher>. Посетено на 31 октомври 2015.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)