Степски сокол
Степски сокол (Falco cherrug)
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Штркови
Семејство: Соколовидни
Род: Сокол
Вид: Степски сокол
Научен назив
Falco cherrug
Греј, 1834
Falco cherrug

Степски сокол, ловџиски сокол или крагуј ((научFalco cherrug)), за разлика од сивиот е прилагоден да лови и цицачи. Имено, својот плен може да го улови и на земјата. Поголем е од сивиот сокол и може да совлада и поголем плен. Степскиот сокол во Македонија се среќава при неговата преселба кон неговите територии на размножување. Сѐ уште нема податоци за негово гнездење во Македонија. Бојата на степскиот сокол е темнокафена до светла, во зависност од регионот од кој потекнува. Во првата година младите соколи имаат сина боја на нозете и восковицата - делот кој се наоѓа веднаш над клунот.

Степскиот сокол е една од најупотребуваните птици во соколарството. Арапите го ценат како заслужен за преживување на нивните предци - Бедуините. Во минатото, храната на Бедуините била многу еднолична и се состоела од растенија и корења. Кога увиделе дека степскиот сокол со леснотија лови птици и зајаци, го припитомиле и го искористиле за да дојдат до поквалитетна, белковинска храна. Од тогаш степскиот сокол "SAKER" претставува симбол во арапскиот свет. На банкнотата на Обединетите Арапски Емирати - дирхам, тој стои како неизбежен знак на препознатливост.