Хашим Табит (16 февруари 1987 во Дар ес Салам) — танзаниски професионален кошаркар кој настапувал за неколку екипи од НБА. Табит на драфтот во 2009 дошол од колеџот Конектикат,[1] а бил избран како втор пик од страна на Мемфис Гризлис.[2] Со своите 2.21 метри височина играл на позицијата центар. Во својата дебитантска сезона во НБА, еден месец минал во развојната лига.

Хашим Табит
Табит во 2010
Слободен агент
Центар
Лични информации
Роден на16 февруари 1987(1987-02-16)(37 г.)
Дар ес Салам, Танзанија
НационалностТанзаниец
Височина7 ст 3 ин (2.21 м)
Тежина263 lb (119 kg)
Информации за кариера
Средно училиштеХјустон, Тексас
КолеџКонектикат (2006–2009)
НБА драфт2009 / Круг: 1 / Избор: 2-ри вкупно
Одбран од Мемфис Гризлис
Професионална кариера2009–сѐ уште
Историја на кариера
2009–2011Мемфис Гризлис
2010→Дакота Визардс
2011–2012Хјустон Рокетс
2011→Рио Гранде Вали Вајперс
2012Портланд Трејлблејзерс
2012–2014Оклахома Сити Тандер
2014–2015Гран Рапидс Драјв

Во февруари 2011 Табит бил разменет во екипата на Хјустон Рокетс,[3] каде за време на неговиот престој настапил на само седум натпревари, по што во март 2012 бил испратен во Портланд Трејлблејзерс.[4] По крајот на сезоната 2011–12, Табит потпишал за Оклахома Сити Тандер,[5] каде останал две сезони по што во август 2014 бил пратен во Филаделфија Севентисиксерс, чие раководство го раскинало договорот со него. Неговиот последен професионален ангажман бил во НБА развојната лига во сезоната 2014–2015.[6]

НБА статистика

уреди
Легенда
  ОН Одиграно натпревари   СН  Натпревари како стартер  МПН  Минути по натпревари
 ПШИ%  Процент на шут од игра  3П%  Процент на шут за три бода  СФ%  Процент на шут за слободни фрлања
 СкПН  Скокови по натпревар  AсПН  Асистенции по натпревар  УТПН  Украдени топки по натпревар
 БлПН  Блокади по натпревар  ППН  Поени по натпревар  Задебелено  Најдобро во кариерата

Регуларен дел

уреди
Година Екипа ОН СН МПН ПШИ 3П% СФ% СкПН АсПН УТПН БлПН ППН
2009–10 Мемфис 68 13 13.0 .588 .000 .581 3.6 .2 .2 1.3 3.1
2010–11 Мемфис 45 0 8.2 .436 .000 .543 1.7 .1 .2 .3 1.2
2010–11 Хјустон 2 0 2.0 .000 .000 .000 .0 .0 .0 .5 .0
2011–12 Хјустон 5 0 4.6 1.000 .000 .000 1.4 .0 .0 .4 1.2
2011–12 Портланд 15 3 7.7 .444 .000 .650 2.3 .0 .1 .5 1.9
2012–13 Оклахома Сити 66 4 11.7 .604 .000 .604 3.0 .2 .5 .9 2.4
2013–14 Оклахома Сити 23 0 8.3 .565 .000 .200 1.7 .0 .2 .4 1.2
Просек 224 20 10.5 .567 .000 .578 2.7 .1 .3 .8 2.2

Разигрување

уреди
Година Екипа ОН СН МПН ПШИ 3П% СФ% СкПН АсПН УТПН БлПН ППН
2013 Оклахома Сити 4 0 6.5 .500 .000 .000 1.5 .0 .3 .0 .5
Просек 4 0 6.5 .500 .000 .000 1.5 .0 .3 .0 .5

Наводи

уреди
  1. „Hasheem Thabeet College Stats - College Basketball at Sports-Reference.com“. College Basketball at Sports-Reference.com. Архивирано од изворникот на 2014-08-19. Посетено на 19 June 2017.
  2. „Rudy Gay scores 41 as Grizzlies beat Heat 118–90“. Посетено на 19 June 2017.
  3. Karl, Jason. „NBA Trade Deadline: Houston Rockets Acquire Hasheem Thabeet, Goran Dragic“. Посетено на 19 June 2017.
  4. „Blazers trade Marcus Camby to Rockets for Thabeet, Flynn :InsideHoops“. www.insidehoops.com. Посетено на 19 June 2017.
  5. „Thunder sign Hasheem Thabeet“. NBA.com. Turner Sports Interactive, Inc. 11 July 2012. Посетено на 11 July 2012.
  6. „Meet the 2015 NBA Development Select Team - NBA D-League“. Посетено на 19 June 2017.

Надворешни врски

уреди