Хауардс Енд (филм)

Хауардс Енд (англиски: Howards End) - британско-јапонски филм од 1992 година во режија на Џејмс Ајвори по сценариото на Рут Проер Џабвала (Ruth Prawer Jhabvala), засновано врз истоимениот роман на Е. М. Форстер. Главните улоги ги толкуваат: Ентони Хопкинс (Anthony Hopkins), Ема Томпсон (Emma Thompson), Ванеса Редгрејв (Vanessa Redgrave), Хелена Бонам Картер (Helena Bonham-Carter), Џејмс Вилби (James Wilby), Семјуел Вест (Samuel West), Џема Редгрејв (Jemma Redgrave), Никола Бафет (Nicola Buffett), Адријан Рос Магенти (Adrian Ross Magenty) и Џозеф Бенет (Joseph Bennett). Филмот, кој претставува темелна студија на човечките карактери и на односите меѓу општествените класи, бил одлично прифатен од филмската критика и добил бројни награди: три „Оскари“ (за најдобра главна женска улога, најдобро адаптирано сценарио и најдобра сценографија), две награди на БАФТА (најдобра глумица и најдобар филм), „Златен глобус“ за најдобра глумица во драма, а на фестивалот во Кан добил посебна награда по повод 45-годипнината на фестивалот.[1]

Синопсис

уреди

Сестрите Маргарет (ја игра Томпсон) и Хелен (ја игра Бонам-Картер) Шлегел се припаднички на лондонската средна класа, додека Леонард (го игра Вест) и Џеки (ја игра Бафет) Баст се млад брачен пар кој живее во сиромашниот дел на Лондон и едвај преживува. Семејството Вилкокс, дел од богатата англиска аристократија, се доселува во соседството на сестрите Шлегел. Набргу по смртта на сопругата, вдовецот Хенри Вилкокс (го игра Хопкинс) ја бара Маргарет за жена, а таа ја прифаќа понудата. Нејзината сестра Хелен се обидува да му помогне на брачниот пар Баст, затоа што Леонард останува без работа. Таа му се обраќа на Хенри за помош, но тој не е заинтересиран да помогне. Така, Маргарет остануав растргната меѓу сестрата и свршеникот...[2]

Наводи

уреди