Хатунџук џамија
Хатунџук(лар) џамија или Хатунџик(лар) џамија (во превод: „Џамија на Малата госпоѓица/дама“[1]) — стара османлиска џамија во Скопје. Му припаѓа на Скопското муфтиство на ИВЗ и прогласена е за културно наследство на Македонија.[2]
Хатунџук џамија | |
---|---|
Основни податоци | |
Место | Чаир, Скопје, Македонија |
Координати | 42°0′22.5″N 21°26′33.6″E / 42.006250° СГШ; 21.442667° ИГД |
Припадност | сунитски ислам |
Архитектонски опис | |
Архитектонски тип | џамија |
Архитектонски стил | османлиски |
Завршен | 1511 |
Особености | |
Куполи | 4 |
Минариња | 1 |
Прогласен за | културно наследство на Македонија |
Местоположба
уредиЏамијата е сместена во населбата Чаир, спроти Јаја-пашината џамија на улицата „Чаирска“.
Историја
уредиЗалуван е дел од вакафнамето на џамијата, кое се датира на 31 март 1511 г. (917 година по исламскиот календар). Нејзина ктиторка била Хани Хатун, ќерката на скопскиот управник Јаја-паша.[3][4]
Џамијата многу настрадала во Скопскиот земјотрес од 1963 г. Натписот од вградената чешма во нејзината ограда, која даира од 1811 година, е пренесен во Музејот на Град Скопје.[5]
Храмот е обновен и свечено отворен 4 мај 2008 г. во присуство на тогашниот турски претседател Абдула Ѓул.[6]
Турбе
уредиВо дворот на џамијата се наоѓало старо турбе во кое најверојатно била погребана ктиторката Хани Хатун. Било шестаголно, од отворен тип, со купола на осумаоглен тамбур. Било урнато во земјотресот од 1963 г. и не е обновено.[7]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Хатунџук џамија | Центар за етнолошки истражувања и применета антропологија“. ceipa.pmf.ukim.mk. Посетено на 2022. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ Список на заштитени добра. Состојба до 31.12.2012. Скопје: Управа за заштита на културното наследство.
- ↑ Елезовић, Г (1937). „Јахја-паша“. Југословенски историски часопис. Југословенско историско друштво. 3: 173.
- ↑ „MAKEDONYA'DAKİ OSMANLI CAMİLERİ“. Balkan İncileri. Архивирано од изворникот на 2018-01-31. Посетено на 31 јануари 2018.
- ↑ „Османслиска култура“. Музеј на град Скопје. Архивирано од изворникот на 2022-02-08. Посетено на 31 јануари 2018.
- ↑ „Свечено отворање на Хатунџик џамија“. Вечер. 2 мај 2008. Архивирано од изворникот на 2022-02-08. Посетено на 8 февруари 2022.
- ↑ „Турбето Хатунџук | Центар за етнолошки истражувања и применета антропологија“. ceipa.pmf.ukim.mk. Посетено на 8 февруари 2022.