Хелголандски дијалект

(Пренасочено од Халундски дијалект)

Хелголандски дијалект или халундски (Halunder) — дијалект на севернофризискиот јазик говорен на германскиот остров Хелголанд во Северното Море.[3] Денес дијалектот се говори од одвај 150 лица од вкупно 1.650 жители на островот и се предава во училиштата.[1] Хелголандски е блиску поврзан со островските севернофризиски дијалекти фериншки и емраншки поради средновековното рибарство околу Хелголанд кое привлекувало Фризи од островите Фер и Амрум. Всушност, фериншки и емраншки се поблиску во јазична смисла до дијалектот на Хелголанд отколку на соседниот остров Зилт, зелриншки.[4]

Хелголандски севернофризиски
Halunder
Застапен воГерманија
ПодрачјеХелголанд
Говорнициоколу 150  (2009)[1]
Јазично семејство
Статус
Службен во Хелголанд
Јазични кодови
ISO 639-3
Linguasphere52-ABB-dbe[2]
{{{mapalt}}}
Севернофризиски дијалекти

Џејмс Крис е најпознатиот писател на поеми и раскази на хелголандски, додека Марија Лајтгебер (1906–1979) ја напишала најзначајната проза.[5]

На 24 декември 2004 година во сила стапил закон во германската покраина Шлезвиг-Холштајн, со кој се признал севернофризискиот јазик за официјална употреба во округот Северна Фризија и на Хелголанд.[6]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Реплингер, Роџер (7 јануари 2009). „Halunder for Beginners“. Die Tageszeitung (германски). Посетено на 30 септември 2012.
  2. „h“ (PDF). The Linguasphere Register. стр. 175. Архивирано од изворникот (PDF) на 2014-08-27. Посетено на 1 март 2013.
  3. W. B. Lockwood, A Panorama of Indo-European Languages, London: Hutchison University Library, 1972, p. 107
  4. Faltings, Jan I. (2011). Föhrer Grönlandfahrt im 18. und 19. Jahrhundert (германски). Амрум: Verlag Jens Quedens. стр. 15–16. ISBN 978-3-924422-95-0.
  5. Steensen, Thomas (1999). „Zwei Jahrhunderte nordfriesischer Literatur - ein kurzer Rück- und Ausblick“. Zeitschrift für Kultur- und Bildungswissenschaften (германски). Фленсбуршки универзитет (8): 121–127. Архивирано од изворникот на 2014-11-04. Посетено на 2014-11-16.
  6. „Gesetz zur Förderung des Friesischen im öffentlichen Raum“. Викиизвор (германски).

Поврзано

уреди