Четврти вселенски собор

(Пренасочено од Халкидонски собор)

Четврти вселенски собор или Халкидонски собор (грчки: Η Δ΄ Οικουμενική Σύνοδος; Σύνοδος της Χαλκηδόνας) бил одржан во Халкидон (денешен Кадиќој во Истанбул, Турција), од 8 октомври до 1 ноември 451 година од страна на римскиот цар Маркијан. Царот Маркијан вселенскиот собор најпрвин го свикал во Никеја, но подоцна, за да има поголема контрола врз т.н. кривоверци, го преселил блиску до своето седиште Цариград - во градот Халкидон. Во тоа време, на црковниот престол се наоѓале Анатолиј, Јувенал Ерусалимски и Максим Антиохиски.

Четврти вселенски собор
Четвртиот вселенски собор од Халкедон, дело на Василиј Суриков од 1876
Датум451
Прифатен одРимокатоличка црква, Старокатоличка црква, Православие, Англиканство, Лутеранство
Претходен собор
Трет вселенски собор
Следен собор
Петти вселенски собор
Свикан одЦар Маркијан
ПретседавачАнатолиј Цариградски
Присутниоколу 360-370
Документи и изјави
Симбол на верата и нови 30 црковни закони
Времеследен список на собори

На овој собор присуствувале околу 630 отци. Соборот бил против патријархот Диоскор Александриски и архимандритот Евтихиј, кои проповеделе дека Исус Христос бил единосуштен на Отецот, но во сфаќањето на неговата човечка природа ги проповедале двете природи - божествената и човечката и признавале дека по нивното соединување станала една природа, така што и на Божеството му ги припишувале и страданијата, маките и тагите, односно монофизитската ерес која го загрозила светото предание во црквата.

Освен ова, било дискутирано и за тврдењето на Диоскор дека Исус Христос не бил со еднаква природа како луѓето и дека не примил плот од девствената крв, туку бил вооплотен на божествен и неискажан начин. И овие тврдења биле отфрлени од страна на соборот. На овој став до денес сѐ уште го одржуваат Монофизитите (Ерменците) во монофизитско (ерменско) толкување се состои во расколничкото двопрстие, при што показалецот, стоејќи исправено, го означува Божеството, а свитканиот прст под показалецот - човештвото.

Така, соборот брзо го осудил монофизитството. Догматската дејност ја претставувало изнесувањето на оросот, кој сите учесници биле должни да го потпишат и да ги исповедаат правилните догмите во него. Со тоа соборот ја завршил догматската дејност, и Евтих и монофизитите биле осудени. Исто така, на него биле донесени и 30 црковни канони, од кои најважен е 28 канон со кој се потврдува одлуката од Вториот вселенски собор, според која Цариградскиот патријарх е рамен по чест на Римскиот патријарх[1].

Наводи

уреди
  1. Давитковски, Петар (1987). Историја на христијанската црква II дел. Скопје: Скопје.