Фридрих Август Јоханес Лефлер (24 јуни 18529 април 1915) — германски бактериолог на Грајфсвалдскиот универзитет.

Фридрих Август Јоханес Лефлер
Фридрих Август Јоханес Лефлер
Роден(а)24 јуни 1852
Франкфурт на Одра
Починал(а)9 април 1915
Берлин
НационалностГерманец
Полињабактериологија
УстановиГрајфсвалдски универзитет
Институт Фридрих Лефлер
ОбразованиеВирцбуршки универзитет
Берлински универзитет
Познат поCorynebacterium diphtheriae
Афтовирус
Влијание одРоберт Кох

Животопис

уреди

Станал доктор по медицина на Берлинскиот универзитет во 1874. Работел со Роберт Кох од 1879–1884[1] како помошник во Царската здравствена служба во Берлин. Во 1884 станал физичар на Институтот Фридрих Вилхелм во Берлин и четири години подоцна станал професор на Грајфсвалдскиот универизтет.[2]

Неговиот развој на оригинални методи за употреба на микроскопот имал важен придонес кон бактериологијата.[2] На почетокот на неговата кариера, започнал студија за паразитските болести.[3] Помеѓу неговите откритија бил и организмот кој ја предизвикува дифтеријата (Corynebacterium diphtheriae) и причината за болеста на шап и лигавка (Афтовирус). Неговиот опис за бацилот на дифтеријата, објавен во 1884, бил првичната употреба на антитоксини.[3] Исто така го создал Лефлеровиот серум, коагулиран серум од крвта користен за откривање на бактеријата. Во 1887 основал весник за бактериологија и паразити (Zentralblatt für Bakteriologie und Parasitik).[2]

Институтот Фридрих Лефлер на островот Римс близу Грајфсвалд е именуван во негова чест.

Наводи

уреди
  1. Асимов, Asimov's Biographical Encyclopedia of Science and Technology 2. издание
  2. 2,0 2,1 2,2   Лефлер, Фридрих (англиски)“. Encyclopedia Americana. 1920.
  3. 3,0 3,1   „Лефлер, Фридрих“ . Енциклопедија Британика (12.. изд.). 1922.

Надворешни врски

уреди