Ланселот или витезот од кочијата
Ланселот или витезот од кочијата (француски: Lancelot, le Chevalier de la Charrette) — поема на Кретјен де Троа, напишана на старофранцуски. Непознато е кога е напишана поемата, но се смета дека најверојатно била составена помеѓу 1175 и 1181 (веројатно во 1177). Истовремено или кратко по пишувањето на Иван или витезот со лавот, (фр. Le Chevalier de Lion), двете поеми сочинуваат една цела приказна. Станува збор за приказна за легендата на Кралот Артур и првата приказна во која Ланселот се појавува како битен лик.
Поемата раскажува за грабнувањето на Кралицата Гиневра и е првиот текст кој зборува за љубовната врска помеѓу Ланселот и Гиневра. Малку се знае за животот на Кретјен де Троа, но сепак може да се каже дека неговите романи/поеми имаат големо влијание врз Артуровата легенда и воопшто француската, но и англиската книжевност. Кретјен е првиот кој пишува за идејата за дворска љубов, потеклото на Ланселот и неговата афера со Гиневра. Се верува дека Кретјен не ја завршил поемата сам.[1]
Наводи
уреди- ↑ Uitti, Karl D. (1995). Chrétien de Troyes Revisited. New York, New York: Twayne Publishers. ISBN 0-8057-4307-3.