Самовили (сказна)
Самовили — француска бајка на Шарл Перо (оригинален наслов: "Les Fées") објавена во збирката Приказни или сказни од минатото (1697).
Еден ден додека беше на бунарот, кај неа дојде старица и ѝ побара вода. Илустрација од 1867 на Гистав Доре | |
Автор | Шарл Перо |
---|---|
Изворен наслов | Les Fées |
Илустратор | Гистав Доре (во 19 век) |
Земја | Франција |
Јазик | француски јазик |
Серијал | Истории или сказни од минатото, со наравоученија: Приказни на мајката Гуска (фр. Histoires ou contes du temps passé, avec des moralités: Contes de ma mère l'Oye) |
Жанр | Сказна (во проза) |
Издавач | Барбен (фр. Barbin) |
Издадена | 1697 |
Според Арн-Томсон класификацијата, оваа приказна е 480, добрата девојка и оние лошите. Други приказни од овој тип се Шита-Кири Сузуме, Мразулко, Три човечиња во шумата, Старата вештерка, и Два ковчега.[1] Книжевните варијанти ги вклучуваат Трите самовили и Зорица и Љубица.[2]
Приказната
уредиЗлобната стара вдовица имала две ќерки; нејзината постара ќерка, Фани била тврдоглава и суетна, но личела и се однесувал како мајка ѝ, затоа ѝ била миленичка. Помладата ќерка, Розе била слатка, нежна и убава, но личела на нејзиниот починат татко. Љубоморна и зајадлива, вдовицата и нејзиниот омилена ќерка ја злоупотребувале и малтретирале младата девојка.
Еден ден, додека црпела вода од бунарот, една стара жена ѝ побарала на помладата девојка да се напие. Девојката учтиво се согласила и откако ѝ дала вода, видела дека жената е самовила, која била преправена за да го испитува карактерот на смртниците. Бидејќи девојка била толку љубезна и сочувствителна кон неа, самовилата нејзе ја благословила со тоа кога ќе зборува од устата да ѝ паѓа накит, злато или цвет.
Кога стигнала дома и објаснила зошто толку се задржала, вдовицата била восхитена кога видела како скапоцени метали, накит and цвеќе паѓа од устата на девојката и посакала нејзината омилена ќерка Фани да има исто таков дар. Фани не бунела но вдовицата на сила ја натерала да оди на бунарот со укажување да се однесува пристојно и пријатно кон некоја стара питачка. Фани се согласила но самовилата се појавила како принцеза и побарала девојката да ѝ извади вода од бунарот. Постарата ќерка грубо ѝ одговорила и ја навредила. Самовилата рекла дека како казна за нејзиното ужасно однесување од устата кога ќе прозбори да ѝ излезе или крастава жаба или змија.
Кога Фани стигнала дома, таа ѝ ја раскажала на мајка си приказната а крастави жаби и отровници излегувале од нејзината уста на секој збор. Вдовицата, во бес, ја избркала помладата ќерка од дома. Во шумата таа го сретнала синот на кралот кој се заљубил во неа и ја земал за жена. Со време, дури и на вдовицата ѝ дошло преку глава од постарата ќерка, па ја избркала, а таа умрела сама и очајна во шумата.
Коментар
уредиМотивот скапоцености да паѓаат од устата на доблесната личност се наоѓа во разни други приказни како и во италијанската Бјанкабела и змијата.[3]
Влијанија
уредиВо Сината книга со бајки (1889)[4], шкотскиот фолклорист Ендру Ланг вклучил англиска верзија на приказната, Жаби и дијаманти[5]. Оваа англиска верзија била илустрирана од Лора Валентајн[6] и преведена на француски на wikiversité.
Во детската книга Сказни од улицата Брока, Пјер Грипари[7], ја презема приказната и малку ја изменува: самовилата кај ќешмата на лошата девојка ѝ дала дар да плука бисери а на добрата змии. Но овие подароци различно биле ценети: таа што плукала змии ја сретнала својата љубов во Институтот Пастер кој ги истражувал отровите, а онаа што плукала бисери била заведена од некој крадец кој потоа ја напуштил.
Галерија
уреди-
Помладата ќерка Розе и самовилата
-
Розе и мајка ѝ, со подарокот
-
Фани, постарата ќерка и самовилата
-
Фани и мајка ѝ, со проклетството
-
Розе во шумата со принцот
-
Фани сама во шумата
Поврзано
уреди- Чесниот дрвар
- Месеците
- Точно и неточно
Наводи
уреди- ↑ Heidi Anne Heiner, "Tales Similar to Diamonds and Toads" Архивирано на 5 септември 2012 г.
- ↑ Jack Zipes, The Great Fairy Tale Tradition: From Straparola and Basile to the Brothers Grimm, p 543, ISBN 0-393-97636-X
- ↑ Iona and Peter Opie, The Classic Fairy Tales, p 98 ISBN 0-19-211559-6
- ↑ 1844-1912, Lang, Andrew; 1857-1929, Jacomb Hood, G. P. (George Percy) ([1965]). The blue fairy book. New York: Dover Publications. ISBN 9780486214375. OCLC 1065913. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link) - ↑ The Blue Fairy Book.
- ↑ „Aunt Louisa's nursery favourite“. ufdc.ufl.edu (англиски). Посетено на 2017-10-29.
- ↑ 1925-1990., Gripari, Pierre (DL 2012). Contes de la rue Broca : l'intégrale (Nouvelle éd. изд.). Paris: Grasset jeunesse. ISBN 9782246786917. OCLC 795445178. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link)
Надворешни врски
уреди- Дела поврзани со Diamonds and Toads на Викиизвор (англиски)
Комплетните текстови и илустрирани
уредиШарл Перо на француски јазик
- Самовили (Les Fées), éditions Barbin, 1697
- Самовили (Les Fées), édition Léon Curmer, 1843
- Самовили (Les Fées), модерна верзија од Пјер Ферон, 1902
- Самовилите во Приказните на мајката Гуска пред Перо (1878)
- Diamonds and Toads на Ризницата ?
- Самовили,сказна на Перо во аудио верзија на француски Архивирано на 6 септември 2011 г. 20px
- Преводот на англиската верзија на Лора Вајентајн sur Wikiversité