Формална градина

(Пренасочено од Француски градини)

Формална или француска градина — дотерана градина која следи внимателно осмислен геометриски симетричен план. Во овие градини тревниците и живите огради се држат уредно поткастрени. Дрвата, грмушките, полугрмушките и другите зеленила се внимателно наредени (аранжирани), обликувани и постојано се кастрат.

Формален француски партер во Виландри во долината на Лоара
Партери во Оранжеријата во Версај

Наједноставната формална градина е коцкесто искастрена жива ограда долж или околу внимателно поставена цветна леа, како на пример јазолна градина. Најсложените формални градини имаат патеки, статуи, фонтани и леи на различни нивоа.

Европската формална градина води потекло од италијанската ренесансна градина од XVI век како Боболските градини зад Палацо Пити во Фиренца, направени од низа архитекти-дизајнери за големата војвотка Елеонора Толедска. Формалниот партер бил пренесен во Франција, и првите формални градини биле направени во Ане. Формалниот партер бил воведен во употреба од страна на Клод Моле, основачот на династијата одгледувачи-дизајнери која траела длабоко во VIII век.

Елементи на формалната градина:

Формалните градини биле одлика на достоинственичките куќи во Англија од воведувањето на партерот во Вилтонската куќа во 1630-тите, па сѐ додека геометриските дизајни не биле заменети со натуралистички пејзажни градини во 1730-тите. Веројатно најпознат пример за формална градина со чакал, камен, вода, бусен и дрвја со скулптури е Версај, кои се всушност многу различни греадини направени од Андре Ле Нотр. Во раниот VIII век, изданието La théorie et la pratique du jardinage („Теоријата и практиката на градинарството“) (1709) од Дезалије д'Арженвил било преведено на англиски и германски, и бил најважен документ за подоцнежните формални градини ширум Европа.

Формалното гардинарство во француски стил доживеало ренесанса во XX век и денес наоѓаме интересни примери на разни поважни места ширум западниот свет.