Француски воени гробишта (Битола)
Француски воени гробишта во Битола – воени гробишта од Првата светска војна во кои почиваат повеќе од 13.262 војници на Француската армија убиени на Македонскиот фронт. Денес секоја година, а по повод годишнината од завршувањето на Првата светска војна, претставници на амбасадаамбасадите на Република Франција и на Сојузна Република Германија, и на Француските и на Германските воени гробишта во Битола оддаваат почит.[2]
Гробовите и споменикот во заден план | |
Податоци | |
---|---|
Основани | 1923 |
Место | Битола |
Земја | Македонија |
Координати | 41°2′25.47″N 21°21′33.47″E / 41.0404083° СГШ; 21.3592972° ИГД |
Големина | 12,53 хектари [1] |
Погребани | меѓу 13.262 и 16.262 |
Местоположба
уредиФранцуските воени гробишта се наоѓаат на североисток од градот Битола, крај патот кој води за село Логоварди, на околу 3 км од центарот на градот.
Гробиштата зафаќаат површина од 30.000 квадратни метри, поделени се на 32 парцели со средишни патеки изведени во облик на крст. Во склоп на гробиштата се и две куќарки, една за чуварот, а другата за документацијата.[2]
Контекст
уредиПо неуспехот во Дарданелската битка, Бугарија влегува во војна на страната на централните сили во октомври 1915 година и води победничка офанзива во Србија. За да се поддржат српските трупи, француските и британските трупи од експедициониот корпус на Дарданелите се истовараат во Солун. Сепак помошта на сојузниците доаѓа многу доцна за да се спасат српските сили кои мора да се борат и да се повлекуваат спроти германската, австроунгарската и бугарската војска. Француските и британските сили напредуваат, но мора да се повлечат по битките кај Костурино и Криволак. Сојузничките војски, поразени се засолнуваат во Солун. Од септември до декември 1916 година, преземена е сојузничка офанзива која овозможува да се напредува и да се заземе Битола. Фронтот е стабилизиран до септември 1918 година кого со Солунскиот договор им се става крај на борбите со Бугарија.
Историја
уредиОрганизирањето на Француските воени гробишта почнала во првите години по Првата светска војна. За таа цел во Париз била формирана централна комисија за прибирање на посмртните останки на француските војници и офицери, на чие чело бил поставен Тиво де Лавижери, учесник во војната во која бил и ранет. За нејзино балканско седиште бил одреден Солун, од каде поткомисиите се упатувале на терен да ги бараат и идентификуваат останките. Во работата биле вклучени месни жители каде се трагало. Во работата се истакнал инженерискиот поручник Дровен, кому му помагала мала група месни жители како и шефот на Католичката мисија во Битола, Р. П. Бежеро. За финансирање на зафатот француската влада издвоила 150.000 франци. Дел од пронајдените останки биле засолнувани на Александрово Брдо (Тумбе Кафе), а дел крај Новачки пат, местото каде што подоцна биле формирани гробиштата. Проектот прераснал во еден од најголемите и најсложените меморијални зафати преземени по Првата светска војна.[2]
Француските воени гробишта во Битола се отворени на 15 септември 1923 година[3][4], денот на пробивот на фронтот кај Добро Поле. На свеченоста на отворањето бил присутен многу народ од Битола и од околните села, а покрај висока делегација од Белград присуствувал и командантот на сојузничките сили, маршалот Франше д’Епере, кој специјално дошол за оваа прилика.[2]
Гробови
уредиВо гробиштата се наоѓаат 6.262 поединечни гробови како и две гробници во кои се погребани меѓу 7.000 и 10.000[5] француски војници.
Наводи
уреди- ↑ „Assets Document SINC [Site of Interest for Nature Conservation] spreadsheet“ (PDF). Hackney Council. Hackney Council. n.d. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-09-27.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Стерјовски, Александар (2020). Градби Битола. Битола: Конзулат на Република Србија во Република Македонија. стр. 81–84. ISBN 978-608-65122-8-6.
|access-date=
бара|url=
(help) - ↑ „Création d'un espace muséal au cimetière militaire français de Bitola“. Архивирано од изворникот на 2017-03-20. Посетено на 2017-07-17.
- ↑ Comment j'ai rencontré mon grand-oncle, un zouave, mort sur le front d’Orient
- ↑ Lieux de mémoire : comment ne pas les oublier