Франсоа де Ларошфуко

француски писател

Франсоа де Ларошфуко (француски: François VI, duc de La Rochefoucauld, le Prince de Marcillac, роден на 15 септември 1613 во Париз - починал на 17 март 1680 во Париз) — француски автор на максими и мемоари, еден од најголемите мајстори во областа на уметничката проза.

Франсоа де Ларошфуко
Франсоа де Ларошфуко
Роден/а15 септември 1613(1613-09-15)
Париз, Париз
Починат/а17 март 1680(1680-03-17) (возр. 66)
Париз, Париз
НационалностФранцузин
Жанресеист
Значајни делаMemoirs
Maximes

Животопис

уреди

Творештво

уреди

„Изреките“ на Ларошфуко претставуваат кратки афоризми од неколку реда. Тој, како сатиричар, насекаде гледа себичност, незнаење, здодевност и лицемерие. Ларошфуко бил конзервативен противник на апсолутизмот и се борел против Арман Жан ди Плеси де Ришелје и Жил Мазарен.

Зборувајќи за човечката природа, ларошфуко смета дека егоизмот е единствениот двигател на човечката акција и на расудувањето. Во нас се менуваат само страстите: една угинува, а друга се раѓа, но сите тие се подеднакво себични. Според него, се лаже оној кој мисли дека во нас се борат срцето и разумот, туку се борат само една со друга страст. Оттука, сите доблести се случајно: сите наши размислувања се само производ на нашата добра или лоша судбина. Истиот човек е способен за секое добро и за секое зло, но тоа секогаш се случува само од егоизам.[1]

Надворешни врски

уреди
 
Викицитат има збирка цитати поврзани со:

Наводи

уреди
  1. Јован Дучић, Благо Цара Радована (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 181-182.