Смрека

род на четинари
(Пренасочено од Фои)
Смрека
Модра смрека
(Juniperus communis)
Научна класификација
Царство: Растенија
Оддел: Четинари
Класа: Четинари
Ред: Боровидни
Семејство: Чемпреси
Род: Смрека
L.
Видови

во текстот

Смрека (науч. Juniperus) — род на четинарски растенија од семејството на чемпресите (Cupressaceae). Зависно од класификацијата, постојат 50 до 67 вида со широка распространетост низ северната полутопка, од Арктикот до тропска Африка во Стариот Свет и до планините во Средна Америка. Два автохтони вида во Македонија се нарекуваат фоја.[1]

Во Македонија виреат шест вида на смрека, и тоа: модрата смрека (Ј. communis), планинската смрека (J. procumbens) и црвената смрека (J. oxycedrus), дивата фоја (J. excelsa), питомата фоја (J. foetidissima) и смрделиката (Juniperus sabina).[2]

Опис

уреди

По големина, смреките се движат од дрва високи по 20–40 м до столбести или налегнати грмушки со долги исползени гранки. Тие се зимзелени и имаат иглести и/или лушпести листови. Според половата организација, растенијата може да бидат еднодомни или дводомни. Женските „шишарки“ се месести плодови наречени смрекинки (или „смреклинки“) со сраснати плодни лушпи, долги 4–27 мм и имаат 1-12 тврди семки. Кај некои видови, смрекикнките се црвенокафеави или портокалови, но најчесто се сини. Имаат впечатлива арома и затоа се користат и како зачин. Семките узреваат 6–18 месеци од опрашувањето, зависно од видот. Машките шишарки се сличи на оние кај другите чемпреси и имаат по 6-20 лушпи. Највеќето го испуштаат поленот на почетокот на пролетта, но има и такви што ова го прават на есен.

Голем број видови имаат два типа на листови: иглести (младорасти) и лушпести (старорасти). Малите дрвца и некои изданоци од постарите дрва имаат иглести листови долги 5–25 мм. Листовите на возрасните растеија се многу мали (долги 2–4 мм) и се преклопуваат на краевите, едноподруго во облик на лушпи. Иглестите изданоци на возрасните растенија се јавуваат претежно на гранките што се во сенка, додека пак во сончевиот дел, гранките се возрасни. Постојат и брзорастечки „камшичести“ изданоци што се средна варијанта помеѓу младорастите и старорастите.

Извесни видови (на пр. J. communis, J. squamata) имаат само младорасти листови. Кај некои од нив (на пр. J. communis), игличките се споени во основата, а кај други (на пр. J. squamata), иглите се накосо поставени и излегуваат од стеблото постепено.

Иглите се цврсти и остри, па затоа со нив треба да се ракува внимателно. Од друга страна, ова е мошне корисен начин на распознавање на пладите дрвца, бидејќи другите членови на чемпресите изгледаат многу слично, но игличките им се меки.

Со смрека се хранат ларвите на разни пеперутки.

Од смрекинките се прави алкохолниот пијалак џин.

Класификација

уреди
 
Гранчиња на кинеска смрека (Juniperus chinensis) — иглест младораст (лево) и лушпест старораст со неузреани машки шишарчиња (десно)

Бројот на видови во родот е спорен, бидејќи две скорешни проучувања даваат различни резултати. Едната (Farjon 2001) прифаќа 52 вида, а другата (Adams 2004) признава 67 вида. Поделени се на неколку оддели, иако и ова е предмет на постојано изучување и не се смета за конечно.

 
Ботаничка илустрација на модра смрека (J. communis)
 
Дива фоја (Juniperus excelsa)
 
Џуџеста смрека (Juniperus communis subsp. alpina)
 
Јутска смрека (Juniperus osteosperma)
 
Бермудска смрека (Juniperus bermudiana)

Наводи

уреди
  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Фоја“. Македонска енциклопедија. , книга . Скопје: МАНУ. Text "series " ignored (help)
  2. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Смрека“. Македонска енциклопедија. , книга . Скопје: МАНУ. Text "series " ignored (help)
  3. Adams, Robert. „Phytologia (април 2010) 92(1)“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-07-21. Посетено на 2013-06-24.

Литература

уреди
  • Adams, R. P. (2004). Junipers of the World: The genus Juniperus. Victoria: Trafford. ISBN 1-4120-4250-X
  • Farjon, A. (2001). World Checklist and Bibliography of Conifers. Kew. ISBN 1-84246-025-0
  • Farjon, A. (2005). Monograph of Cupressaceae and Sciadopitys. Royal Botanic Gardens, Kew. ISBN 1-84246-068-4
  • Mao, K., Hao, G., Liu J., Adams, R. P. and R. I., Milne. (2010). Diversification and biogeography of Juniperus (Cupressaceae): variable diversification rates and multiple intercontinental dispersals. New Phytologist 188(1): 254-272.

Надворешни врски

уреди