Филип Штолцл (роден во 1967 година во Минхен) — германски филмски режисер, оперски режисер и сценарист. Тој започнал да режира музички спотови кон средината на 1990-тите и го режирал неговиот прв игран филм во 2002-ра година.

Филип Штолцл
Роден(а)1967
Минхен, Баварија, Западна Германија
ЗанимањеФилмски режисер, оперски режисер, сценарист

Живот и кариера

уреди

Филип Штолцл бил обучен како сценограф и дизајнер на костими во Münchner Kammerspielen, каде што дипломирал во 1988 година. Работел во овие професии во германски театри и започнал да работи за филмови во 1996 година. Тој дебитирал како режисер во 1998 година, со спотот на RammsteinDu riechst so gut“. Тој продолжил да ги режира музичките спотови за уметници како: Мик Џегер, Мариус Милер-Вестернхаген, Мадона и песната за филмот за Џејмс Бонд на „Garbage“ - „Светот не е доволен“. Тој, исто така, има режирано и реклами.[1]

Неговиот прв игран филм како режисер беше Бебе од 2002 година. Потоа следуваа Северната страна (2008), Младиоте Гете заљубен (2010), Избришани (2012) и Лекарот (2013). Работата на Штолцл за операската сцена ги вклучува продукциите на Шарл Гуно: Фауст од 2008 година и Трубадур од Џузепе Верди од 2013 година.[1]

Избрани дела

уреди

Режирани филмови

уреди

Режирани опери

уреди

Режирани театарски претстави

уреди
  • 2014: Франкенштајн: Театар Базел

Режирани музички спотови

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Philipp Stölzl“. Filmportal.de (германски). Deutsches Filminstitut. Посетено на 2015-06-20.

Надворешни врски

уреди