Филаделфион (Цариград)

Филаделфион претставувал плоштад кој се наоѓал во византиската престолнина Цариград , денешен Истанбул, Турција, во близина на форумот на Теодосиј, во денешен Еди-куле.

Филаделфион
Четирите тетрарси - прегрнати во обид да се прикаже еднаквоста на владетелите и единството на империјата.
Карта
Општи податоци
Стилримска архитектура
ГрадЦариград
ЗемјаВизантија
Почната4 век

Во центарот на плоштадот се наоѓал Капитол во кои биле сместени религиозни статуи. Објектот бил изграден во времето на Константин Велики или порано, и првично се користел како пагански храм поврзан со култот на императорот. За првпат се споменува во 407 година кога од еден монументален столб паднал крстот кој бил погоден од гром, а потоа бил обновен. Според овој извор, објектот имал друга намена наместо пагански храм. Во 425 година објектот бил претворен во Академија за високо образование. По овој настан во следните векови не се споменува објектот, и се смета дека не бил користен.

Во објектот се влегувало преку источната страна чија источна страна се состоела од високи столбови, додека во средината се наоѓале две статуи на Тетрарсите, кои биле прегрнати во обид да се прикаже еднаквоста на владетелите и единството на империјата. Четирите влаетели се смета дека ги претставувале синовите на Константин, додека целиот комплект се викал Филаделфион или во превод споменик на братската љубов.

Статуите од тетрасите биле отстранети од страна на Венецијанците во Четвртата крстоносна војна во 1204 година и денеска сè уште можат да се видат на фасадата од црквата Свети Марко во Венеција. Нивното потекло од Византија се докажува со фактот што една скршена нога на еден тетрарх била пронајдена при ископувањата во близина на денешната џамија Бодрум[1].

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Striker (1981), p. 29

Надворешни врски

уреди

Литература

уреди
  • Striker, Cecil L. (1981). The Myrelaion (Bodrum Camii) in Istanbul. Princeton NJ: Princeton University Press.

41°00′50.71″N 28°57′24.81″E / 41.0140861° СГШ; 28.9568917° ИГД / 41.0140861; 28.9568917