Фестивал на сатира „Џинот“
Фестивалот на сатирата „Џинот“[1] за прв пат се одржал на 17 октомври 2024 година. Овој фестивал е од меѓународен карактер и во чест на Јордан Хаџи Константонов – Џинот, македонски просветител кој е роден во Велес.
Историја
уредиЈордан Хаџи Константинов-Џинот е еден од зачетниците на просветителството во Македонија. Тој е докажан како учител со реализирање на идејата за воведување на народен македонски јазик во училиштата. Џинот четири децении работел на воведување на просветување на народен јазик како писател и сестран творец од областа на културата. Прво дело му е „Таблица перваја“ [2] внесена во употреба во 1845 година, кое служело како учебно помагало при основното описменување на учениците.
Опис на фестивалот
уредиФестивалот на сатира се реализирал по иницијатива на велешкиот сатиричар Атанас Крлевски. Организатор на фестивалот бил Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ од Велес со поддршка од Општина Велес и Локалната библиотека „Гоце Делчев“. Фестивалот,[3] според програмата, требало да трае два дена, но истиот се реализирал само на 17 Октомври.
Примарна цел на овој фестивал е негувањето на македонската сатирата и афирмација на Јордан Хаџи Константинов-Џинот кој во оваа област се појавува како прв македонски афористичар. Сатирата како специфичен литературен вид кој го покажува и духот на еден народ и критичкиот однос кон животот, воопшто.
Темата на годинешниот фестивал на кој му претходел меѓународен конкурс за сатира бил на тема „Живот“, во чест и на афоризмите на Џинот чија тема биле за човекот, животот и светот.
Со положување на цвеќе на гробот на Јордан Хаџи Константинов-Џинот му се оддала почит а потоа активностиите продолжиле во неговата родна куќа во Велес и во Ликалната библиотека „ Гоце Делчев“ во Велес.
Манифестацијата се отворила со читање на песна посветена на Џинот од поетесата Павлина Климкар-Меанџиева. Проф. д-р. Васил Тоциновски одржал беседа за неговиот живот и дело.
Во рамките на фестивалот се промовирале книгите со афоризмиː
- „Групен афористички портрет“ од група автори од Балканот промотор бил Ристо Филчевски.
- 404 Секојдневизми“ од авторите Елеонора Николовска, Атанас Крлевски, Марјан Анѓеловски и Марија Ранѓеловиќ промотор Елизабета Бандиловска. Награди на фестивалотː Прва награда Славица Урумова – Марковска, втора награда Абдурахман Халиловиќ Ахил од Риека, Хрватска, трета награда Нада Караџиќ од Белград, Србија. Награда за најдобар афоризам Јане Атанасов од Кочани, Специјалната награда за етно афоризам - Костадинка Витанова од Струмица.
Галерија
уреди-
Васил Тоциновски беседа на фестивалот на сатира „Џинот“
-
Ристо Филчевски промотор на фестивалот на сатира „Џинот“
-
фестивалот на сатира „Џинот“ 2
-
фестивалот на сатира „Џинот“ 3
-
фестивалот на сатира „Џинот“ 4
-
Добитници на наградите од фестивалот на сатира „Џинот“
-
Атанас Крлевски чита сет афоризми на фестивалот на сатира „Џинот“
Наводи
уреди- ↑ „Facebook“. www.facebook.com. Посетено на 2024-10-20.
- ↑ „Таблица перваја | Окно.мк“. okno.mk. Посетено на 2024-10-20.
- ↑ „Прв фестивал на сатирата во Велес „Џинот" (фото)“. Ти Реков Ми Рече (англиски). Посетено на 2024-10-20.
Надворешни врски
уредиhttps://batali.net/vesti/lokalni-vesti/za-prv-pat-vo-veles-megunaroden-festival-na-satirata-dhinot/
https://kanal5.com.mk/vo-veles-odrzhan-prv-megjunaroden-festival-na-satirata-djinot-2024/a664925