Атанас Крлевски
Атанас Крлевски (Ташкент, 30 јули 1956) — македонски писател, сатиричар, афорист. Тој е првиот македонски писател кој напишал хаику стихозбирка за деца, стихозбирката „Смајли во снегот“. Тој објавува во многу младински и студентски весници и списанија, како и во списанија за книжевност, хумор и сатира во Р. Македонија.
Атанас Крлевски | |
---|---|
![]() Атанас Крлевски | |
Роден/а | {30 јули 1956![]() |
Занимање | Писател, сатиричар, афорист |
Националност | Македонец |
Апсолвент на | Електротехнички факултет во Скопје |
Животопис
уредиАтанас Крлевски е роден 1956 година во Ташкент, денешен Узбекистан. Во 1959 година се доселува и живее во Велес каде завршува основно образование во ООУ „Васил Главинов“ и средно образование во Гимназија „Кочо Рацин“. Школувањето го продолжува на Електротехничкиот факултет во Скопје каде се стекнува со звање инженер по електроника и телекомуникации.
Творештво
уредиСо поетско творештво се занимава од првите школски години, а со сатира од 1977 год. Во сатирата е пред сè афорист, иако во помал обем пишува и сатирични текстови, хуморески, епиграми. Негови афоризми се објавени и се објавуваат на радио и телевезиски емисии[1], во списанија и по социјалните мрежи, портали и сл.
Активен член е на Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ во Велес.
Застапен е во повеќе антологии на македонскиот, балканскиот и европскиот афоризам и во зборници, алманаси, заеднички збирки и антологии на сатира и поезија. Преведуван на некои балкански јазици, руски и англиски. Наградуван на повеќето македонски сатирични конкурси, фестивали и манифестации и добитник на наградата „9 Ноември“, на Општина Велес за посебен придонес во сатирата и нејзина афирмација и афирмација на градот во земјата и странство. Во 2023 год. ја добива литературната награда „Коле Неделковски“. Како поет учествува и на многу поетски манифестации, на Детски Рацинови средби и фестивали во Македонија.
Автор е на десет книги афоризми:
- „Крлевизми“ (2009 год.),:
- „Окрлавени мисли“ (2011 год.),
- „Крлук“ (2014 год.),[2]
- „Цветен пазар“ (2015 год.),
- „Изгоревме под сенка“ (2017 год.),
- „Умот на крлашка“ (2018 год.),
- „Одлетани од крлетка“ (2018 год.),
- „Мисли без крлушки“ (2019 год.),
- „Крилести крлевизми“ (2019 год.)
- „Крлевизми - избрани афоризми“ (2020 год.)
- „На прв поглед“ (2018 год.),
- „Мигум“ (2023 год.)
- хаику стихозбирка за деца „Смајли во снегот“ ( 2023 год. )
Наводи
уреди- ↑ „Книга афоризми за жената од Атанас Крлевски“. kanal5.com.mk. Посетено на 2024-01-18.
- ↑ Makedonika. „Атанас Крлевски КРЛУК (афоризми)“. Македоника Литера (англиски). Посетено на 2024-01-18.