Џамија Ферхад Паша

(Пренасочено од Ферхад-пашина џамија)

Ферхад Паша џамија (турски: Ferhad Paşa Camii ) била џамија која се наоѓала во Бања Лука, Босна и Херцеговина. Оваа џамија била една од најстарите џамии во Босна. Објектот бил изграден во 1579 година. За нејзиниот архитект сè уште не се знае, но познато е дека бил ученик на Синан. Во овој комплекс исто така се наоѓа и три турбиња. Џамијата била висока 14 метри, широка 18 метри а нејзиното кубе 18 метри. Објектот бил разрушен во 1993 година од страна на Армијата на Република Српска.

Фердахија
Ferhat-pašina džamija
Ferhad Paşa Camii
Џамија Ферхад Паша
Основни податоци
МестоБања Лука, Босна и Херцеговина
Координати44°46′02.69″N 17°11′14.44″E / 44.7674139° СГШ; 17.1873444° ИГД / 44.7674139; 17.1873444
Припадностислам
Осветен1579
Архитектонски опис
Архитект(и)непознат (ученик на Синан)
Архитектонски типџамија
Архитектонски стилотомански
Особености
Должина14 метри
Ширина18 метри
Висина на куполата (надв.)18 метри
Минариња1
Висина на минарето41, 65 м[1]

На 7 мај 2001 година бил ставен камен-темелник за изградба на џамијата, но на самата церемонија дошле околу 4000 српски демонстранти кои биле против градењето на џамијата[2]. Протестите биле проследени со каменување на присутните муслимански верници, конфликт со полицијата и било запалено знамето на исламската заедница. На негово место било поставено знамето на Србија. Во судирите биле повредени неколку Бошњаци а еден бил убиен.

По неколку дена со поддршка на полицијата, камен-темелникот бил поставен.[3].

Наводи

уреди
  1. Structural Studies, Repairs and Maintenance of Heritage, C. A. Brebbia,L. Binda, page 437
  2. Според податоци на -{Human Rights Watch}-, од 27 март 2013
  3. Harvard Human Rights Journal, 27 март 2013