Феникс (острови)

(Пренасочено од Феникс Острови)

Островите Феникс (Phoenix Islands) се група острови во Кирибатите во Тихиот Океан. Островската група е составена од осум атоли и подводни гребени и тие се наоѓаат источно од Гилбертовите Острови и западно од Линиските Острови. Во 1930-те години, островите биле дел од последниот обид на колонијалната експанзија на Британската Империја. Северно од островите Феникс се наоѓаат два острова кои се дел од САД, односно Бејкер и Хоуленд. Овие два острови, заедно со Островите Феникс, биле под американска управа, но со независноста на Кирибати, само овие два острови не биле приклучени кон новата држава.

Карта на Островите Феникс.
Карта на Островите Феникс.
Карта на Кирибати.
Карта на Кирибати.

Островите Феникс се дом на над 120 видови корали и над 500 видови риби. На 28 јануари 2008 година, владата на Кирибати ги прогласила сите острови како заштитена зона. Заштитената зона има 410.500 км2 и таа е најголема морска заштитена област во светот.[1]

Општо гледано, островската група е ненаселена, освен неколку семејства кои живеат на островот Кантон. Во минатото, островите се сметале за дел од Гилбертовите Острови. Сегашното име на островите најверојатно било воведено во 1840-те, по името на еден од островите во овој архипелаг. Се претпоставува името „Феникс“ е дадено по некој од бродовите кои пловеле околу островите во 19 век.

Острови

уреди
Феникс
атол/гребен површина
км2
лагуна
км2
координати

Атоли

Абариринга 9.0 50 02°50′S 171°43′W / 2.833° ЈГШ; 171.717° ЗГД / -2.833; -171.717 (Abariringa)
Ендербери 5.1 0.6* 03°08′S 171°05′W / 3.133° ЈГШ; 171.083° ЗГД / -3.133; -171.083 (Enderbury)
Бирни 0.2 0.02* 03°35′S 171°31′W / 3.583° ЈГШ; 171.517° ЗГД / -3.583; -171.517 (Birnie)
МекКин 0.4 0.2* 03°36′S 174°08′W / 3.600° ЈГШ; 174.133° ЗГД / -3.600; -174.133 (McKean)
Раваки (Феникс) 0.5 0.5 03°43′S 170°43′W / 3.717° ЈГШ; 170.717° ЗГД / -3.717; -170.717 (Rawaki)
Манра (Сидни) 4.4 2.2* 04°27′S 171°15′W / 4.450° ЈГШ; 171.250° ЗГД / -4.450; -171.250 (Manra)
Орона (Хал) 3.9 30 04°30′S 172°10′W / 4.500° ЈГШ; 172.167° ЗГД / -4.500; -172.167 (Orona)
Никумароро (Гарднер) 4.1 4 04°40′S 174°31′W / 4.667° ЈГШ; 174.517° ЗГД / -4.667; -174.517 (Nikumaroro)
Острови Феникс 27.6 84.5

Подводни корални гребени

Винслоу Риф - 1 01°36′S 174°57′W / 1.600° ЈГШ; 174.950° ЗГД / -1.600; -174.950 (Winslow Reef)
Кароделт Риф - ? 05°34′S 173°51′W / 5.567° ЈГШ; 173.850° ЗГД / -5.567; -173.850 (Carondelet Reef)

Американски територии

Бејкер 1.6 - 00°13′N 176°28′W / 0.217° СГШ; 176.467° ЗГД / 0.217; -176.467 (Baker Island)
Хоуленд 1.8 - 00°48′N 176°38′W / 0.800° СГШ; 176.633° ЗГД / 0.800; -176.633 (Howland Island)
* Лагуните со ѕвездичка значат дека површината на лагуната е пресметана во вкупната површина на атолот бидејќи тие лагуни не се отворени.

Наводи

уреди
  1. „Phoenix Islands Protected Area (PIPA)“. Phoenixislands.org. Архивирано од изворникот на 2019-12-03. Посетено на 2011-07-15.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди