Манра
Манра (кирибатски: Manra), или порано познат како Сидни Ајленд (Sydney Island), е атол во Кирибати. Атолот е дел од Островите Феникс и има вкупна површина од 4.4 км2. Надморската височина на островот е околу 6 метри. Денес островот не е населен, но во минатото бил населуван на неколкупати.
Историја
уредиЗа разлика од некои атоли во Островите Феникс, на Манра постојат докази дека атолот во минатото бил населен. Така на пример, на островот има остатоци од платформи и остатоци од градби. Хабајскиот антрополог К.П. Емори тврди дека на островот биле присутни две етнички групи, едните биле Полинезијци, другите Меланезијци.[1]
Манра бил „откриен“ во 1823 година од лондонскиот брод Синди Пакет и во негова чест бил именуван атолот. Со британската колонизација на атолот, на островот биле донесени одреден број жители, 130 работници, и било изградено село со основна инфраструктура.[1] Со падот на колонизацијата, островот бил напуштен, најверојатно во периодот 1958-1963 година.
Галерија
уреди-
Карта на Манра (англиски).
-
Лагуна во Манра.
-
Скевола на Манра.
-
Поглед кон лагуната.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 http://www.janeresture.com/kiribati_phoenix_group/sydney.htm Архивирано на 25 октомври 2019 г..
- Maude, Henry Evans: Of islands and men : studies in Pacific history; Melbourne [u.a.] : Oxford University Press, 1968
- Jones, A. G. E.: Ships employed in the South Seas trade Vol. 1: 1775 - 1861; Canberra 1986 & Vol. 2: 1775 - 1859; Burwood, Vic. [1992]
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- National Geographic за Манра Архивирано на 26 ноември 2006 г.
- Манра на страницата на Jane Resture Архивирано на 25 октомври 2019 г.
- Манра на страницата на Oceandots
- Слика од Манра Архивирано на 4 ноември 2012 г.
- Слика од Манра Архивирано на 4 ноември 2012 г.
- Слика од Манра Архивирано на 4 ноември 2012 г.
4°27′S 171°16′W / 4.450° ЈГШ; 171.267° ЗГД