Кантон (остров)

(Пренасочено од Кантон (атол))

Кантон (англиски и кирибатски: Kanton), или познат како Абариринга, е најголемиот, најсеверниот и според податоците од 2007 единствен населен атол во Островите Феникс. Островот е дел од Кирибати. Атолот има лагуна и вкупна површина од 40 км2. Најблизок остров на Кантон е островот Ендербери, кој оддалечен 63 километри јужно. Јужна Тарава, главниот град на Кирибати, е оддалечен од островот 1.765 километри западно. Во 2000 година имало 61 жител, во 2005 имало 41 жител[1], а во мај 2010 година имало 24 жители, од кои 14 возрасни и 10 деца.[2] Единственото село на островот е Тебаронга. Во минатото и САД и Велика Британија имало контрола над островот. Во 1939 година двете држави се договориле Ендербери и Кантон да бидат под заедничка управа позната како Кантон и Ендербери. По независноста на Кирибати, островот останал под контрола на новата држава.

Местоположба на островот.
Сателитска снимка на островот.
Карта на Островите Феникс.

Откривање и име

уреди

Островот бил „откриен“ на 5 август 1824 година од капетан Џон Палмер и Едвард Рид. Првично островот бил наречен Мери Балкут „Mary Ballcout's Island“, во чест на жената на капетанот. Сегашното име на островот потекнува од китоловскиот брод Кантон (Canton).[3]

Географија

уреди

Од северозападната до југоисточната точка на островот има 14.5 километри. Надморската височина на островот варира од 50 до 600 метри. Југоисточниот дел од островот е познат као „Пирамидна Точка“. Единствениот влез во лагуната на островот е од западната страна.[4] Голем дел од островот е песоклив, со корално потекло и истиот е прекриен од трева и ниски грмушки. Дрва се наоѓаат во близина на селото. На островот нема свежа вода и тоа е проблем за жителите, кои се снабдуваат со вода од дождови или со пратки.

Наводи

уреди
  1. http://www.spc.int/prism/Country/KI/Stats/Census2005/Gen-pdf/GTAB-1.pdf
  2. „Falmouth Coastguard helps starving remote islanders“. National News. News Distribution Service. 9 May 2010. Архивирано од изворникот на 2012-02-24. Посетено на 9 May 2010.
  3. Stackpole, p./New Bedford Standard Times, April 1838
  4. http://www.botany.hawaii.edu/faculty/duffy/ARB/041-46/041.pdf Архивирано на 13 септември 2006 г., pg. 2.
  • Bryan, Edwin H., Jr., American Polynesia and the Hawaiian Chain, Honolulu, Tongg Publishing Co., 1942, pg. 46. Read online at http://www.janeresture.com/kiribati_phoenix_group/canton.htm Архивирано на 5 април 2015 г..
  • Dalton, William: The Dalton journal: two whaling voyages to the South seas, 1823–1829 / ed. by Niel Gunson; [Sydney]: National Library of Australia, 1990. ISBN 0-642-10505-7.
  • Stackpole, Edouard A.: The Sea Hunters: The New England Whalemen During Two Centuries, 1635–1835

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди

02°48′38″S 171°40′32″W / 2.81056° ЈГШ; 171.67556° ЗГД / -2.81056; -171.67556