Финикс Санс

кошаркарски клуб од Феникс, Аризона
(Пренасочено од Фенекс Санс)

Финикс санс (англиски: Phoenix Suns) се професионален кошаркарски тим сместен во Финикс, Аризона. Тие се членови на Тихоокеанската дивизија (Западна конференција) во НБА. центарот „УС Ервејс“ (англиски: US Airways Center) го користат како домашен стадион од 1992. Санс биле особено успешни откако почнале да играат како нов тим во 1968. За четириесет и една година играње тие успеале да влезат осум пати во полуфиналето на НБА плејофот. И покрај тоа што играат успешно четири децении, тие немаат освоено ниту една НБА титула.[1]

Финикс Санс
Финикс Санс лого
Финикс Санс лого
Конференција Западна Конференција
Дивизија Тихоокеанска дивизија
Основан 1968
Историја Финикс Санс (1968–)
Арена Центар „УС Ервејс“
Град Финикс (Аризона), САД
Тимски бои                    
Сопственик/ци Роберт Сарвер
Генерален менаџер Џејмс Џонс
Тренер Монти Вилијамс
Шампиони Никогаш
Конференциски титули 2 (1976, 1993)
Дивизиски титули 6 (1981, 1993, 1995, 2005, 2006, 2007)
Мрежно место suns.com
Дома jersey
Team colours
Дома
Гости jersey
Team colours
Гости


Арената на Финикс
Санс против екипата на ЛА Клиперс

Санс биле едни од два тима што влегле во НБА на стартот на сезоната во 1968-69, заедно со Милвоки Бакс. Финикс Санс бил првиот професионален тим од прва лига од државата Аризона.[2]

Во 1992, Санс се преместиле во новата арена, во која се и ден денес. Истата година во Финикс не била само арената ново нешто, туку го земале и Чарлс Баркли од Филаделфија. Тој со Финикс во 1993, ја освоил неговата прва и единствена МВП титула.
Под водството на Пол Вестфал, со помош на Баркли, Мејирли, Џонсон и Ејнџи победија на 62 натпревари. Во плејофот стигнале до финалето, и изгубиле од Чикаго Булс, со Мајкл Џордан и Скоти Пипен.

За сезоната 2000-01, Финикс Санс претставиле три нови аблеми. Два од овие биле само малку сменети од претходните, со помодерен дизајн и додавање на сивата боја.

Состав

уреди
Име Години Држава Височина Позиција
Диандре Ејтон 23   Бахами 2.11м Центар
Бизмек Бијомбо 29   Република Конго 2.03м Центар
Девин Букер 25   САД 1.96м бек
Микал Бриџес 25   САД 1.98м крило
Тори Крег 31   САД 2.01м бек/крило
Џеј Краудер 31   САД 1.98м крило/Крилен Центар
Ерон Холидеј 25   САД 1.83м плејмејкер
Камерон Џонсон 25   САД 2.03м крило
Френк Камински 28   САД 2.13м Крилен Центар/Центар
Џавел Мекги 34   САД 2.13м Центар
Крис Пол 36   САД 1.83м плејмејкер
Камерон Пејн 27   САД 1.85м плејмејкер
Елфрид Пејтон 27   САД 1.91м плејмејкер
Дарио Шариќ 27   Хрватска 2.08м Крилен Центар
Ландру Шемет 24   САД 1.93м бек
Ишмаил Вeјнрајт 27   САД 1.98м Крилен Центар

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди