Фани Христова
Животопис
уредиБлагодарение на родителите музиката и станува преокупација уште од најраното детство. Најпрво членуваше во хорот на Запро Запров, каде што освен пеење почна да изучува и клавир, па со веќе стекнати почетни знаења се запишува во средното музичко училиште, каде што продолжува со изучување на обоа, а подоцна и на соло-пеење. Во средношколските денови ја формира и групата Флип, која ја сочинуваа пет девојки, а која дебитираше со синглот Ова е крај, потпишана од страна на Роберт Билбилов (задолжен за музиката и за аранжманот) додека текстот го напиша Раде Врчаковски. Со песната Нова страница на Ана Бочек и на Дарко Мучов, Фани со Флип го стекна и првото фестивалско искуство, и тоа со настапот на Макфест 2000. Групата набрзо по фестивалот ја напуштија три девојки, па Фани и Марија побараа вокална поддршка од Маја Саздановска, со која, како тројка ја оформија формацијата Vogue. Вог дебитираше со синглот Не сонувам, кој и покрај тоа што не го доживеа своето видео-издание, одлично помина кај публиката. Во меѓувреме Фани доби покана за учество на Скопскиот фестивал, каде настапи со песната Лејди на авторот Григор Копров, со што, впрочем започна и со градење на својата соло-кариера, и покрај и понатамошното партиципирање во групата Вог. По Лејди следуваше синглот Помисли што направи, за кој музиката ја напиша Иван Јованов, додека текстот го реализираше Фани. Темата беше снимена во студиото Јованови, а за интересно видео-издание беше задолжена екипата од Ф/Х продукција. Неодамна кај Јован Јованов во студио, Фани реализираше две нови снимки – брзата Предизвик и баладата Приказна за нас, паралелно пишувајќи текстови и за други изведувачи (за албумот на Јован Јованов, но и за Панчо од ДНК, Искра од М2). Освен со авторството, Фани во македонските музички кругови е позната и како респектиран диџеј, кој има постојан ангажман во дискотеките во Скопје и низ Македонија, популаризирајќи ја со својата мисија R&B и хип-хоп музика.[1]