Фабрика за вар во Велес
Фабриката за вар во Велес, претставува еколошка жешка точка на загадување на воздухот, водата и почвата во месноста Превалец – Велес Македонија..
Историја
уредиПозната под името како „Високи пеќи“ помеѓу месното население започнала да работи со производство на вар веднаш во повоениот период во тогашната СФРЈ. Во почетокот на педесетите години е отворена како погон за производство на вар во склоп на фабриката „Киро Ќучук“ (која произведувал тули и цигли и постоела уште од Кралска Југославија) подоцна се национализирала и 1946/47 започнала со работа и броела околу 800 вработени.
Со децении месното население кое живее во Превалец– Велес, секојдневно доживувало мали потреси на земјиштето по огласувањето на сирените кои го означувале почетокот на минирање на карпите. Често дел од камењата завршувале во реката Тополка која минува точно под фабриката за вар или на покривите на околните куќи.
Жителите на Превалец тврдат дека од каменоломот кој се наоѓа во непосредна близина, посебно околу осумдесетите години од 20 век, од силните детонации и минирања, кои често им го поместувале и тлото под нозете многу од ѕидовите на нивните куќи се испукани.
Во периодот на транзиција како и повеќето фабрики и фабриката за вар престанала да работи во 2009 година, но по неколку месеци преминува во сопственост на ДПГТУ “УС-КОНСТРАКШН“ експорт - импорт ДООЕЛ Куманово.[1]
Местоположба на фабриката
уредиФабриката за вар и ПК Превалец се лоцирани во месноста “Превалец“ на 5 км југозападно од Велес, Македонија. Се наоѓаат на левата страна од патот Велес - с.Извор во близина на левиот брег од реката Тополка. На јужната страна од локацијата, спротивната страна десниот брег на реката Тополка се наоѓа населбата “Превалец“. Првите куќи се на околу 210 м.н.в и воздушна оддалеченост од 250 м. На северозапад фабриката граничи со населбата Тунел и филтер станицата за преработка на вода за пиење на Велес. Градот Велес со своето ширење со стамбени објекти се приближува до погонот-фабриката за призводство на вар и гранулиран варовник. Најблиските стамбени објекти се наоѓаат на воздушно растојание од 280-500 м.
Поширокото подрачје на кое што се наоѓаат населбата Тунел и фабриката претставува нерамен, ридест терен, при што крајот од населбата (оној што граничи со каменоломот) се наоѓа на 280 м. Ископите се наоѓаат на надморска висина од 215 до 260 м, при што главните објекти и инфраструктура вклучени во процесите на производство на наоѓаат на околу 250 м.н.в.
Од погонскиот дел за производство на вар теренот стрмно се издига и преоѓа во отворениот коп за експлоатација на варовник “Превалец“. На стрмниот терен се наоѓаат и постројките за дробење и сепарирање на варовник кои меѓу себе се поврзани со транспортни траки на електричен погон. Во непосредна близина е и погонот за печење и хидратизирање на вар и варна паста.
Ново жариште за велешани
уредиДПГТУ “УС-КОНСТРАКШН“ експорт - импорт ДООЕЛ Куманово во септември 2009 година станал сопственик на Деловниот комплекс Фабрика за вар лоцирана во местото “Превалец“, во Велес, со сите нејзини објекти, машинската опрема, со целата инфраструктура и со користење и на земјиштето. Со површинскиот коп “Превалец“ и објектите за ископ, дробење, мелење, сеење, загревање на минерални суровини со кои претходно стопанисувал АД “Киро Ќучук“ Велес. Во периодот на 2015 година, мешовитата македонско-турска фирма „Еуро прик компани“ станува новиот сопственик на велешки „Киро Ќучук“. Во 2012 година инсталацијата со која управувал операторот од Куманово „УСА констракшн“ и работел само каменоломот, варницата не и имале „Б“ инсталација и било под ингеренција на локалната власт. На 14.06 2012 е издадена таа „Б“ дозвола за по шест месеци операторот од Куманово поднел барање до Министерство за животна средина за „А“ интегрирана дозвола. Во 2018 година Општина Велес добила решение дека е извршен пренос на А интегрирана дозвола од оператор „Уса констракшн“ за операторот „Техно Павер“, за Варницата во Превалец, односно дека истата е пренесена од стариот на новиот оператор.[2] Општината реагирала дека во случајов новиот оператор требало да ги исполни сите стандарди па да ја добие А интегрираната еколошка дозвола,[3] а не да ја презема старата.
Загадување, прашина помор на риби
уредиВо 2017 година во месеците август и октомври бил забележан помор на риби во реката Тополка за што бил извршен и инспекциски надзор и била издадена усна времена наредба каменоломот и варница Превалец - Технопавер да престанат со работа, додека не се добијат резултатите од анализата на водата од реката Тополка кај Велес.[4] Операторот „Техно Павер“ продолжил и без дозвола да работи и да ја загадува околината и велешани и во наредниот период.[3]
Воздух полн со прашина, детонации и силна бучава станале секојдневие на жителите на населбите Тунел и Превалец во Велес во чија близина се наоѓа каменолом и фабрика за производство на гасена вар. Освен загадувањето на воздухот[5] за кое веќе е утврдено дека предизвикува сериозни респираторни нарушувања кај граѓаните, овој индустриски капацитет често испушта отпадни води и ја побелува реката Тополка што е причина и за помор на рибите. Варницата Техно Павер во летните месеци јули[6] и август 2019 година[7] продолжила со енермно континуирано загадување на воздухот од Фабриката за вар во Превелец.
Фирмата ја изгубила „А“ интегрираната еколошка дозвола, односно и била одземена од надлежниот Државен инспекторат на 4 јуни 2018, а на 14 ноември[8] истата година добила и забрана за работа, но и покрај тоа, без прекин работела и понатаму го загадувала воздухот, а раководниот тим не преземал никакви мерки да го спречи и намали загадувањето.
Од фабриката во септември 2018 година ги уверувале надлежните институции од Општина Велес и жителите дека тоа што го гледаат во воздухот не е бела прашина туку бела водена пареа, која е резултат на производниот процес. Градоначалникот Аце Коцевски ги подржал жителите и најавил дека ќе се организираат граѓански протести ако Варницата продолжи да работи без дозвола.
Но, и покрај реакциите на општинската власт дека фирмата не презела ништо да го намали загадувањето и покрај бројните гласни реакции на жителите од двете велешки населби варницата и без дозвола продолжила да работи и да загадува.
Државниот инспекторат на МЖСПП на 18 февруари 2019 година на фирмата „Техно павер“ ДООЕЛ Скопје која стапанисувала со велешката варница и ја вратиле „А“ Интегрираната еколошка дозвола. Варницата Техно Павер во Превалец добила подмитена дозвола за работа и ништо не спровела од еколошката дозвола!
Огромно загадување со прашина и чад од печките! Жителите од Превалец и Тунел немоќни пред институциите и со недоверба кон решавање на проблемот со кој секојдневно се среќавале. Решението го побарале на состанок со еколошкото друштво „Вила зора“ каде се договарале како да го решат проблемот[5] со варницата. Поради прашината која се кревала од фабриката и силните детонации, животот во нивните населби станал неподнослив. На средбата се договорилеː Итна средба со министерот за еколија, да се запре работата на каменоломот додека не ги исполни стандардите за работа, или во спротивно најавиле жесток отпор со протести сè додека не им се исполнат барањата за здрава и чиста средина.
Неколку велешани јавно тврделе дека од каменоломот на 29 октомври 2018 година слушнале силна детонација која ги вознемирила и бараат одговор кој им дозволил да работат, иако на неодамна одржаната јавна расправа, претставник од Министерството за животна средина изјавил дека Варницата не смее да работи од јуни 2018 година. Овој случај на минирање бил документиран и подржан со видеоснимки кои биле споделени и на социјалните мрежи. Жителите на овие две населби побарале одговор и од велешката полиција и од обвинителството за овој случај, кој тоа дозволил минирање во услови кога фабриката на смее да работи и барале одговорност.[9]
Во 2020 година граѓаните и локалната власт побарале од Министерството за животна средина да направи ревизија на повторно вратената „А“ Интегрирана еколошка дозвола на фирмата Каменелом „Техно Павер“ ДООЕЛ Скопје од 18 февруари 2019.[10]
Заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, при посетата на Велес во јануари 2020 година за медиумите информирал дека Министерството за животна средина се обврзува да направи ревизија на сите „А“ интегрирани еколошки дозволи и да има мониторинг 24 часа.Тоа ќе значело да се направи и ревизија на „А“ Интегрираната еколошка дозвола и на велешката Фабрика за вар во Превалец. Еколошката битка за Велес и понатаму продолжила од страна на Општина Велес и жителите.[11]
Фабриката за вар и каменоломот продолжуваат да работат и да загадуваат. Од Управата за животна средина на Министерството за животна средина и просторно планирање до Општина Велес било доставено[12] барање за изведување на проект – „Изградба на цементарница во кругот на каменоломот Техно Павер“ за потребите на инвеститорот Техно Павер ДООЕЛ Скопје во март 2021 година.
На ова барање и навестување со своја реакција се јавиле и од Општинската организација на ДОМ Велес по повод намерата за изградба на Цементарница во каменоломот во Превалец, Велес во која се вели:
“Неприфатливо е да се размислува за позитивно мислење од страна на локалните и националните институции за изградба и ставање во функција на цементарница среде населено место. Станува збор за цементарница во круг на индустриски капацитет кој на многупати беше посочен како загадувач на воздухот посебно со облаци од прашина од вар и причинител на помор на рибите и загадување на реката Тополка. Станува збор за цементарница, не за цвеќарница, или фарма за органска храна, или парк на ветерници или фотоволтаици.
Општина Велес не дозволила да се отвори цементарница наведувајќи дека индустријата за цемент е втор најголем емитер на јаглерод диоксид. Градоначалникот Аце Коцевски за медиумите изјавил дека со отворање на цементарница негативното влијание врз животната средина само се зголемува и реколː „Техно Павер“ кој го црпи Каменеломот во населбата Превалец и има Варница со години наназад не презема ништо за заштита на животната средина и заштита на здравјето на жителите од овие две велешки населби, кои со години реагираат до недлежните, но никој не презема ништо. Во изминатите години кога имаше и забрани за работа на Варницата од страна на Државниот инспекторат за животна средина, тимот на „Техно Павер“ не преземаше ништо за да ги заштити жителите од енормното загадување на воздухот, а продолжуваше и понатаму секојдневно да загадува“.
Галерија
уреди-
Фабрика за вар во Превалец Велес
-
Фабриката за вар во Превалец Велес
-
Дел од фабриката за вар во Превалец Велес
-
Фабрика за вар во Велес поглед од населбата Тунел 1
-
Фабрика за вар во Велес поглед од населбата Тунел 2
-
Фабрика за вар во Велес поглед од населбата Тунел
-
Фабрика за вар во Велес поглед од населбата Превалец
-
Фабрика за вар трака на електричен погон во Велес поглед од населбата Превалец
-
куп со сепариран камен од Варницата во Велес
Наводи
уреди- ↑ „Вработи се | ДПГТУ УС-КОНСТРАКШАН експорт- импорт ДООЕЛ Куманово-Подружница ФАБРИКА ЗА ВАР -КАМЕНОЛОМ ПРЕВАЛЕЦ Велес“. Вработи.се (англиски). Посетено на 2024-05-28.
- ↑ „ФАБРИКАТА ЗА ВАР И КАМЕНОЛОМОТ ВО ПРЕВАЛЕЦ НАСЛЕДИЛЕ „А" ИНТЕГРИРАНА ДОЗВОЛА НАДВОР ОД ПРОЦЕДУРА, ВЕЛАТ ОД ОПШТИНА ВЕЛЕС“. Сакам Да Кажам. 2018-06-11. Посетено на 2024-05-28.
- ↑ Отиди кај: 3,0 3,1 „ВАРНИЦАТА ВО ПРЕВАЛЕЦ ТРИ МЕСЕЦИ РАБОТИ БЕЗ ЕКОЛОШКА ДОЗВОЛА, ОДЗЕМЕНА ПОРАДИ ЗАГАДУВАЊЕ“. Сакам Да Кажам. 2018-09-13. Посетено на 2024-05-28.
- ↑ „Времена мерка забрана за работа на Варницата Превалец“. Ти Реков Ми Рече (англиски). Посетено на 2024-05-28.
- ↑ Отиди кај: 5,0 5,1 „Нов каменолом во близина на Велес ги загадува населбите Тунел и Превалец“. 24.mk (англиски). Посетено на 2024-05-28.
- ↑ Варницата Техно Павер во Превалец доби подмитена дозвола за работа и ништо нема спроведено од еколошката дозвола! Огромно загадување со прашина и чад од... | By Слободен ВелесFacebook, Посетено на 2024-05-28
- ↑ ТЕХНО ПАВЕРFacebook, Посетено на 2024-05-28
- ↑ „ДРЖАВНИОТ ИНСПЕКТОРАТ ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА ЈА ЗАБРАНИ РАБОТАТА НА ВАРНИЦАТА ВО ВЕЛЕС“. Сакам Да Кажам. 2018-11-29. Посетено на 2024-05-28.
- ↑ „Екологија“. tirekovmirece.com. Посетено на 2024-05-28.
- ↑ Варницата во Превалец | Најголемиот произведувач на прашина и отровни гасови во Велес! Населба Превалец, Тунел и Ќерамидна се најзасегнати. Мора итно да се затвори! (СПОДЕЛЕТЕ) | By Слободен ВелесFacebook, Посетено на 2024-05-28
- ↑ „Еколошка битка за Превалец и населбата Тунел“. arhiva.veles.gov.mk. Посетено на 2024-05-28.
- ↑ „ДО ОПШТИНА ВЕЛЕС ДОСТАВЕНО БАРАЊЕ НА МИСЛЕЊЕ ЗА ИЗГРАДБА НА ЦЕМЕНТАРНИЦА - Општина Велес“. veles.gov.mk. Посетено на 2024-05-28.
Надворешни врски
уреди- Варница и каменолом Превалец, 2018 како се дроби каменот
- Варницата во Превалец кај Велес работи и покрај забраната
- Варницата од Превалец и понатаму еден од најголемите аерозагадувачи во Велес
- Едвај се ослободија од топилницата, ново жариште ги труе велешани
- Варницата во Превалец минирање во април 2021
- На Велес да не му се случи втора Топилница