Урсула Ле Гвин

(Пренасочено од Урсула ле Гвин)

Урсула Кробер Ле Гвин (21 октомври 1929 – 22 јануари 2018) беше американски автор на романи, книги за деца и раскази, главно во жанрот научна фантастика. Таа исто така има напишано поезија и есеи. Првпат објавена во 1960 година, нејзината работа често прикажува футуристички или имагинарни алтернативни светови во политиката, природната средина, полот, религијата, сексуалноста и етнографијата. Таа влијаела врз и инспирирала многу писатели, и е добитник на наградата Хуго, Небула наградата, Локус наградата, и Светската награда за фантазија, секоја повеќе од еднаш.

Урсула Ле Гвин
Роден/аУрсула Кробер
21 октомври 1929(1929-10-21)
Беркли, Калифорнија, САД
Починат/а22 јануари 2018(2018-01-22)
Портланд, Орегон, САД
ЗанимањеРоманописец
Периодц. 1962
ЖанрНаучна фантастика
мрежно место
ursulakleguin.com

Теми

уреди

Ле Гвин ја експлоатираше креативната флексибилност на научната фантастика за да темелно ги истражува димензиите на социјалниот и психолошкиот идентитет и на пошироките културни и социјални структури. Притоа, таа се заснова на социологијата, антропологијата, и психологијата.[1] Во нејзините дела исто така постојат основните идеи на анархизмот и екологијата.

Социологијата, антропологијата и психологијата

уреди

Левата рака на темнината, заедно со Одземените и Толкователите, се романи во рамките на Хајниш циклусот на Ле Гвин, во кои се разгледуваат последиците од контакт помеѓу различни светови и култури.

Темелно информирана од општествените научни перспективи за идентитетот и општеството, Ле Гвин ги третираше расата и полот сосема однапред смислено. Поголемиот дел од нејзините главни ликови не се белци, изборот бил направен за да го одрази не-белото мнозинство од луѓето.[2] Во нејзиното пишување таа често користеше вонземјански култури за да ги испита структурните одлики на човечката култура и општество и нивното влијание врз поединецот. Во Левата рака на темнината, на пример, таа имплицитно ги истражуваше социјалните, културните и личните последици на родот преку романот кој вклучува човекова средба со андрогина раса.[3]

Анархизам и таоизам

уреди

Чувствата на Ле Гвин кон анархизмот се тесно сврзани за нејзините таоистички верувања и двете идеи се појавуваат во нејзината работа. "Таоизмот и Анархизмот се вклопуваат заедно на многу интересни начини и јас сум била таоистка отако научив што е тоа."[4]

Наводи

уреди
  1. Spivack, Charlotte. "'Only in Dying, Life': The Dynamics of Old Age in the Fiction of Ursula Le Guin". Modern Language Studies, Vol. 14, No. 3. (Summer, 1984), pp. 43–53
  2. Justice, Faith L. (January 23, 2001). „Ursula K. Le Guin“. Salon. Архивирано од изворникот на 2011-02-17. Посетено на April 22, 2010.
  3. Marilyn Strathern, "Gender as It Might Be: A Review Article" RAIN, No. 28. (October 1978), pp. 4–7
  4. Roberts, Dmae. „Ursula K. Le Guin: "Out Here". KBOO: Stage and Studio. Посетено на November 8, 2013.

Дополнителна литература

уреди
  • Bernardo, Susan (2006). Ursula K. Le Guin: A Critical Companion (1. изд.). Westport, CT: Greenwood Press.
  • Bloom, Harold, ed., "Ursula K. Leguin: Modern Critical Views" (Chelsea House Publications, 2000)
  • Brown, Joanne, & St. Clair, Nancy, Declarations of Independence: Empowered Girls in Young Adult Literature, 1990–2001 (Lanham, MD, & London: The Scarecrow Press, 2002 [Scarecrow Studies in Young Adult Literature, No. 7])
  • Cadden, Mike (2005). Ursula K. Le Guin Beyond Genre: Fiction for Children and Adults (1. изд.). New York: Routledge.
  • Cart, Michael, From Romance to Realism: 50 Years of Growth and Change in Young Adult Literature (New York: HarperCollins, 1996)
  • Cummins, Elizabeth, Understanding Ursula K. Le Guin, rev. ed., (Columbia, South Carolina: Univ of South Carolina Press, 1993). ISBN 0-87249-869-7.
  • Davis, Laurence & Peter Stillman, eds, The New Utopian Politics of Ursula K. Le Guin's "The Dispossessed" (New York: Lexington Books, 2005)
  • Erlich, Richard D. Coyote's Song: The Teaching Stories of Ursula K. Le Guin (1997). Digital publication of the Science Fiction Research Association (2001 f.)
  • Egoff, Sheila, Stubbs, G. T., & Ashley, L. F., eds, Only Connect: Readings on Children's Literature (Toronto & New York: Oxford University Press, 1969; 2nd ed., 1980; 3rd ed., 1996)
  • Egoff, Sheila A., Worlds Within: Children's Fantasy from the Middle Ages to Today (Chicago & London: American Library Association, 1988)
  • Lehr, Susan, ed., Battling Dragons: Issues and Controversy in Children's Literature (Portsmouth, New Hampshire: Heinemann, 1995)
  • Lennard, John, Of Modern Dragons and other essays on Genre Fiction (Tirril: Humanities-Ebooks, 2007)
  • Reginald, Robert, & Slusser, George, eds, Zephyr and Boreas: Winds of Change in the Fictions of Ursula K. Le Guin (San Bernardino, CA: Borgo Press, 1997)
  • Rochelle, Warren G., Communities of the Heart: The Rhetoric of Myth in the Fiction of Ursula K. Le Guin (Liverpool: Liverpool University Press, 2001)
  • Sullivan III, C. W., ed., Young Adult Science Fiction (Westport, Connecticut: Greenwood Press, 1999 [Contributions to the Study of Science Fiction and Fantasy 79])
  • Trites, Roberta Seelinger, Disturbing the Universe: Power and Repression in Adolescent Literature (Iowa City: University of Iowa Press, 2000)
  • Wayne, Kathryn Ross, Redefining Moral Education: Life, Le Guin, and Language (Lanham, Maryland: Austin & Winfield, 1995)
  • White, Donna R., Dancing with Dragons: Ursula K. Le Guin and the Critics (Ontario: Camden House, 1998 [Literary Criticism in Perspective])

Надворешни врски

уреди
 
Викицитат има збирка цитати поврзани со:
Интервјуа
Говори