Урсула Ле Гвин
Урсула Кробер Ле Гвин (21 октомври 1929 – 22 јануари 2018) беше американски автор на романи, книги за деца и раскази, главно во жанрот научна фантастика. Таа исто така има напишано поезија и есеи. Првпат објавена во 1960 година, нејзината работа често прикажува футуристички или имагинарни алтернативни светови во политиката, природната средина, полот, религијата, сексуалноста и етнографијата. Таа влијаела врз и инспирирала многу писатели, и е добитник на наградата Хуго, Небула наградата, Локус наградата, и Светската награда за фантазија, секоја повеќе од еднаш.
Урсула Ле Гвин | |
---|---|
Роден/а | Урсула Кробер 21 октомври 1929 Беркли, Калифорнија, САД |
Починат/а | 22 јануари 2018 Портланд, Орегон, САД |
Занимање | Романописец |
Период | ц. 1962 |
Жанр | Научна фантастика |
мрежно место | |
ursulakleguin.com |
Теми
уредиЛе Гвин ја експлоатираше креативната флексибилност на научната фантастика за да темелно ги истражува димензиите на социјалниот и психолошкиот идентитет и на пошироките културни и социјални структури. Притоа, таа се заснова на социологијата, антропологијата, и психологијата.[1] Во нејзините дела исто така постојат основните идеи на анархизмот и екологијата.
Социологијата, антропологијата и психологијата
уредиЛевата рака на темнината, заедно со Одземените и Толкователите, се романи во рамките на Хајниш циклусот на Ле Гвин, во кои се разгледуваат последиците од контакт помеѓу различни светови и култури.
Темелно информирана од општествените научни перспективи за идентитетот и општеството, Ле Гвин ги третираше расата и полот сосема однапред смислено. Поголемиот дел од нејзините главни ликови не се белци, изборот бил направен за да го одрази не-белото мнозинство од луѓето.[2] Во нејзиното пишување таа често користеше вонземјански култури за да ги испита структурните одлики на човечката култура и општество и нивното влијание врз поединецот. Во Левата рака на темнината, на пример, таа имплицитно ги истражуваше социјалните, културните и личните последици на родот преку романот кој вклучува човекова средба со андрогина раса.[3]
Анархизам и таоизам
уредиЧувствата на Ле Гвин кон анархизмот се тесно сврзани за нејзините таоистички верувања и двете идеи се појавуваат во нејзината работа. "Таоизмот и Анархизмот се вклопуваат заедно на многу интересни начини и јас сум била таоистка отако научив што е тоа."[4]
Наводи
уреди- ↑ Spivack, Charlotte. "'Only in Dying, Life': The Dynamics of Old Age in the Fiction of Ursula Le Guin". Modern Language Studies, Vol. 14, No. 3. (Summer, 1984), pp. 43–53
- ↑ Justice, Faith L. (January 23, 2001). „Ursula K. Le Guin“. Salon. Архивирано од изворникот на 2011-02-17. Посетено на April 22, 2010.
- ↑ Marilyn Strathern, "Gender as It Might Be: A Review Article" RAIN, No. 28. (October 1978), pp. 4–7
- ↑ Roberts, Dmae. „Ursula K. Le Guin: "Out Here"“. KBOO: Stage and Studio. Посетено на November 8, 2013.
Дополнителна литература
уреди- Bernardo, Susan (2006). Ursula K. Le Guin: A Critical Companion (1. изд.). Westport, CT: Greenwood Press.
- Bloom, Harold, ed., "Ursula K. Leguin: Modern Critical Views" (Chelsea House Publications, 2000)
- Brown, Joanne, & St. Clair, Nancy, Declarations of Independence: Empowered Girls in Young Adult Literature, 1990–2001 (Lanham, MD, & London: The Scarecrow Press, 2002 [Scarecrow Studies in Young Adult Literature, No. 7])
- Cadden, Mike (2005). Ursula K. Le Guin Beyond Genre: Fiction for Children and Adults (1. изд.). New York: Routledge.
- Cart, Michael, From Romance to Realism: 50 Years of Growth and Change in Young Adult Literature (New York: HarperCollins, 1996)
- Cummins, Elizabeth, Understanding Ursula K. Le Guin, rev. ed., (Columbia, South Carolina: Univ of South Carolina Press, 1993). ISBN 0-87249-869-7.
- Davis, Laurence & Peter Stillman, eds, The New Utopian Politics of Ursula K. Le Guin's "The Dispossessed" (New York: Lexington Books, 2005)
- Erlich, Richard D. Coyote's Song: The Teaching Stories of Ursula K. Le Guin (1997). Digital publication of the Science Fiction Research Association (2001 f.)
- Egoff, Sheila, Stubbs, G. T., & Ashley, L. F., eds, Only Connect: Readings on Children's Literature (Toronto & New York: Oxford University Press, 1969; 2nd ed., 1980; 3rd ed., 1996)
- Egoff, Sheila A., Worlds Within: Children's Fantasy from the Middle Ages to Today (Chicago & London: American Library Association, 1988)
- Lehr, Susan, ed., Battling Dragons: Issues and Controversy in Children's Literature (Portsmouth, New Hampshire: Heinemann, 1995)
- Lennard, John, Of Modern Dragons and other essays on Genre Fiction (Tirril: Humanities-Ebooks, 2007)
- Reginald, Robert, & Slusser, George, eds, Zephyr and Boreas: Winds of Change in the Fictions of Ursula K. Le Guin (San Bernardino, CA: Borgo Press, 1997)
- Rochelle, Warren G., Communities of the Heart: The Rhetoric of Myth in the Fiction of Ursula K. Le Guin (Liverpool: Liverpool University Press, 2001)
- Sullivan III, C. W., ed., Young Adult Science Fiction (Westport, Connecticut: Greenwood Press, 1999 [Contributions to the Study of Science Fiction and Fantasy 79])
- Trites, Roberta Seelinger, Disturbing the Universe: Power and Repression in Adolescent Literature (Iowa City: University of Iowa Press, 2000)
- Wayne, Kathryn Ross, Redefining Moral Education: Life, Le Guin, and Language (Lanham, Maryland: Austin & Winfield, 1995)
- White, Donna R., Dancing with Dragons: Ursula K. Le Guin and the Critics (Ontario: Camden House, 1998 [Literary Criticism in Perspective])
Надворешни врски
уреди- Матична страница
- Biographical Sketch Архивирано на 9 јули 2016 г.
- Ursula K. Le Guin на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Интервјуа
- Jaggi, Maya (December 17, 2005). „The Magician“. The Guardian.
- „Oregon Art Beat: Author Ursula Le Guin“. OPB FM. Архивирано од изворникот на 2017-12-12. Посетено на 2018-03-10.
- Ursula Le Guin Bookworm Interviews (Audio) with Michael Silverblatt: January 1992 Архивирано на 25 декември 2017 г., March 2001 Архивирано на 25 декември 2017 г.
- "On Women Turning 60: Embracing the Age of Fulfillment", September 1997. One of 20 women interviewed by Cathleen Rountree.
- Говори
- „Ursula K Le Guin's speech at National Book Awards: 'Books aren't just commodities'“. The Guardian. November 20, 2014.
- „Ursula K. Le Guin on speaking truth to power at National Book Awards“. LA Times. November 20, 2014.