Урош Ќосиќ (роден на 24 октомври 1992 година) е српски професионален фудбалер кој настапува на позицијата како централен бек. Моментално настапува за грчкиот суперлигашки клуб АЕК.[1]

Ќосиќ играјќи за АЕК Атина во 2017

Клупска кариера уреди

Урош Ќосиќ е роден на 24 октомври 1992 година во Белград, а првите фудбалски чекори ги направил во младинските академии на фудбалскиот клуб Црвена ѕвезда од Белград. На 17 години преминал во клубот на ЦСКА од Москва, а подоцна се вратил во Црвена ѕвезда како позајмен играч. Во 2013 година се преселил во Италија во клубот на Пескара. За време на престојот во италијанскиот клуб тој имал и дополнителен трансфер во екипата на Фросиноне. Во сезоната 2016–17 Ќосиќ играл за италијанскиот клуб Емполи од Серија А.

АЕК Атина уреди

На 2 јули 2017 година, АЕК од Атина и Емполи постигнале договор за трансфер на српскиот централен дефанзивец во клубот од Суперлигата на Грција. 25-годишниот поранешен играч на Црвена ѕвезда од Белград, Пескара и Фросиноне, кој имал вкупно 14 настапи во текот на сезоната 2016-17 во Серија А се очекувало во Атина да ги комплетира последните детали од договорот и да потпише со клубот на АЕК за времетраење од четири сезони.[2] На 3 јули 2017 година, откако успешно ги поминал медицинските прегледи, тој ставил потпис на договорот на три (плус една) година.[3] АЕК исплатил 500.000 евра за да го купи Ќосиќ од кубот на Емполи.

На 2 август 2017 година тој го одиграл својот прв официјален натпревар во поразот со 1:0 на гостински терен од екипата на ЦСКА Москва во реваншот од третото квалификациско коло во Лигата на шампионите.[4] На 24 септември 2017 година Ќосиќ бил исклучен, по кавгата со фудбалерот Бјорн Енгелс во драматичната победа од 3:2 на домашен терен против големиот ривал клубот на Олимпијакос.[5] Пет дена подоцна и двајцата играчи биле суспендирани со суспензија од вкупно два натпревари.[6] Во средината на месец ноември Ќосиќ се соочил со проблем од повреда на глуждот. Оваа повреда го оставила надвор од терените околу 2-3 недели. На крајот на месец февруари 2018 година, Ќосиќ морал да замине на операција на стомачните мускули, а првичните проценки покажале дека тој ќе го пропушти остатокот од сезоната 2017-18.[7]

На 5 април 2018 година, централниот дефанзивец Урош Ќосиќ го поминал успешно тренингот на АЕК и се чинело дека е подготвен да се врати во на теренот за игра. 25-годишниот Србин кој останал надвор од теренот од месец ноември сепак ќе можел да настапи на последните пет натпревари за тимот. Во тоа време клубот на АЕК го тренирал шпанскиот тренер Маноло Хименес. Ќириќ во сезоната 2017-18 направил напор за да може неговиот тим да ја освои титулата во Суперлигата на Грција.[8]

Универзитатеја во Крајова уреди

На 2 септември 2019 година Урош Ќириќ потпишал договор со тимот од романската Лига I, Универзитатеја од Крајова на 3 години со опција за уште една година.

Репрезентација уреди

Ќосиќ играл за селекцијата на Србија У-19 и бил избран на почетокот на 2011 година за репрезентацијата на Србија У-21.

Признанија уреди

Црвена ѕвезда Белград
  • Освоен е Купот на Србија (1): 2011–12
АЕК Атина
  • Освоена е Супер лигата на Грција (1): 2017–18

Статистика во кариерата уреди

Клуб уреди

Обновено на 1 Јуни 2019
Клуб Сезона Лигашки натпревари Куп натпревари Континентални натпревари Други натпревари Вкупно
Лига Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови
Црвена ѕвезда од Белград

(како позајмен играч)

2010–11 Српска Суперлига 8 1 2 0 10 1
2011–12 7 0 2 0 2 0 11 0
Вкупно 15 1 4 0 2 0 21 1
Пескара

(како позајмен играч)

2012–13 Серија А 20 0 1 0 21 0
Вкупно 20 0 1 0 21 0
Пескара 2013–14 Серија Б 13 0 1 0 14 0
2014–15 12 0 2 0 14 0
Вкупно 25 0 3 0 28 0
Фросиноне (како позајмен играч) 2014–15 Серија Б 11 0 0 0 11 0
Вкупно 11 0 0 0 11 0
Емполи 2015–16 Серија А 9 0 0 0 9 0
2016–17 14 0 2 0 16 0
Вкупно 23 0 2 0 25 0
АЕК Атина 2017–18 Суперлига 9 0 2 0 6 0 17 0
2018–19 19 0 6 0 6 0 31 0
Вкупно 28 0 8 0 12 0 48 0
Вкупно во кариерата 122 1 18 0 14 0 0 0 154 1

Наводи уреди

  1. „Ανακοίνωση Λυσης Συμβολαιων“. www.aelfc.gr/. 14 May 2021. Архивирано од изворникот на 2021-05-15. Посетено на 2022-01-23.
  2. AEK napada Ligu šampiona, Ćosić stiže u Atinu
  3. „Στην ΑΕΚ ο Τσόσιτς“. www.sport24.gr. 3 July 2017.
  4. „Δεύτερη ήττα και αποκλεισμός για την ΑΕΚ“. www.sport24.gr. 2 August 2017.
  5. „Ιστορική ανατροπή για την ΑΕΚ“. www.sport24.gr. 24 September 2017.
  6. „Δύο αγωνιστικές σε Τσόσιτς και Ένχελς“. www.sport24.gr. 29 September 2017.
  7. „Uroš Ćosić will miss the remainder of 2017-18 season“ (англиски). Посетено на 28 February 2018.
  8. „Επέστρεψε στις προπονήσεις ο Μάνταλος“ (грчки). Посетено на 5 April 2018.

Надворешни врски уреди