Унитарна Босна
Унитарна Босна е националистички политички концепт кои го заговараат одредени претставници на бошњачкиот народ во Босна и Херцеговина. Овој концепт се залага за рушење на постоечкиот уставен и државен поредок на Босна и Херцеговина, со кој е загарантирана рамноправноста на двата политички ентитети и трите конститутивни народи, како и создавање на држава со унитарен карактер под доминација на еден народ, Бошњаците, кои во етнички мешаната Босна и Херцеговина сочинуваат малку повеќе од половина население (50,1% според пописот од 2013. година).[1]
Историски контекст
уредиСР Босна и Херцеговина е формирана како една од републиките на социјалистичка Југославија по Втората Светска Бојна, а нејзиното формирање беше еден вид на компромис меѓу спротивставените српски и хрватски државно-територијални концепти. На пописите од 1948., 1953. и 1961. година, најброен народ во Босна и Херцеговина беа Србите, додека Муслиманите (денес познати како Бошњаци) тогаш не беа признати како народ, туку во пописите се искажуваа како "неопределени муслимани" или "Југословени неопределени". На пописот од 1971. година, Муслиманите беа признати како еден од народите во Југославија, а според истиот попис, тогаш станаа побројни од Србите во Босна и Херцеговина.
За време на распадот на СФР Југославија, 1991-1992. година, Муслиманите и Хрватите во Босна и Херцеговина одржаа референдум за независност на Босна и Херцеговина, што беше повод за тригодишната војна. Оваа војна е завршена со потпишувањето на Дејтонскиот договор од 1995. година, со кој Босна и Херцеговина е уставно и државно-правно дефинирана како држава составена од два рамноправни ентитети и три рамноправни конститутивни народи.
Политичко делување на поддржувачите на овој концепт
уредиМногу бошњачки националисти кои тежеа кон претворање на повеќенационалната Босна и Херцеговина во своја национална држава не се помирија се државно-политичките решенија од Дејтонскиот договор и започнаа да ја промовираат идејата за ревизија на овој договор, укинување на Република Српска и создавање на унитарна Босна и Херцеговина под доминација на бошњачкиот народ. Промовирање на таков националистички концепт од страна на овие бошњачки националисти е главна причина за политичките борби и спорови во пост-Дејтонската БиХ.
Во Федерацијата Босна и Херцеговина во почетокот на 2014. година избија немири во кои беше запалена зградата на Претседателството на Босна и Херцеговина, како и зградата на владата на кантонот Сараево, Тузла и Зеница. Овие наводно "социјални немири" ги покрена таканаречената група "Удар", која своите ставови ги формулираше низ фејсбук статуси. Главно политичко барање на оваа група е враќање во сила на воениот Устав на Република БиХ од 1993. година.[2]
- ↑ „Попис становништва, домаћинстава и станова у Босни и Херцеговини 2013. — коначни резултати пописа [прво издање]“ (PDF). popis2013.ba. Агенција за статистику Босне и Херцеговине. јуни 2016. Архивирано од изворникот (PDF) на 30 јуни 2016. Посетено на 30 јуни 2016.
- ↑ "Udar" za unitarnu Bosnu - Koreni