Чикашки универзитет

(Пренасочено од Универзитет на Чикаго)

Чикашки универзитет (англиски: University of Chicago) — приватен истражувачки универзитет во Чикаго, во сојузната држава Илиноис, САД. Основан во 1890 година, Чикашкиот универзитет се состои од колеџ на Чикашкиот универзитет, различни додипломски програми, интердисциплинарни здруженија организирани во четири академски истражувачки дивизии и седум професионални училишта. Покрај уметностите и науките, Чикаго е познат и по своите професионални школи, меѓу кои се Медицинската школа Прицкер, Бизнис школата Бут, Правната школа, Школата за социјални работници, Школата за јавна политика, Школата за либерални и професионални студии и Верската школа. На универзитетот моментално се запишани околу 5 000 студенти на колеџот и околу 15.000 студенти севкупно.

Чикашки универзитет
University of Chicago
латински: Universitas Chicaginiensis
ГеслоCrescat scientia; vita excolatur
На македонски
Знаењето расте; животот се збогатува[1]
Видприватен
Основан1890
Доделени средства
7,55 милијарди долари[2]
ПретседателРоберт Цимер
РекторЕрик Исакс
Административен кадар
14.772 (со кадарот на медицинскиот центар)[3]
Студенти14.954[4]
Додипломци5.134[4]
Постдипломци9.820[4]
МестоЧикаго, Илиноис, САД
Кампус3
Главен кампус (87,8 ха)[3]
Парк Ворен Вудс (17 ха)[5]
Опсерваторија „Јеркис“ (12,1 ха)
ПрипадностAAU
NAICU
Група 568
URA
CIC
uchicago.edu

Основан е од Американското Баптистичко Образовно Општество каде што во 1890 година нафтениот магнат и филантроп Џон Д. Рокфелер се приклучил со донација. Вилијам Рејни Харперво 1891 година станал прв претседател на универзитетот, а првите предавања биле одржани во 1892 година. Има репутација на универзитет посветен на академска стипендија и интелектуализам и е бодуван од Роудс стручњаците и има добиено 85 лауреати од Нобелова награда.

Во 2008 година, Универзитетот потрошил 423.7 милиони долари за научни истражувања. Интелектуалците од Чикаго Универзитетот одиграле значајна улога во развојот на Чикаго училиштето за економија, Чикаго училиштето за социологија, правното и економското движење во правни анализи и физичкото водење на светската прва човечка само спонзорирачка направа, јадрена реакција. Исто така Универзитетот е дом на најголемиот универзитетски прес во САД.

Историја

уреди

Основање - 1910-тите години

уреди

Универзитетот во Чикаго е создаден и здружен како мешана ( заедничко образование за момчиња и девојчиња), световна институција во 1890 година од Американското Баптистичко Образовно општество и донација од нафтениот магнат и филантроп Џон Д. Рокфелер. Излегол од истоимениот Баптистички Универзитет кој во 1886 година бил затворен поради финансиски проблеми. Вилијам Рејни Харпер станал првиот претседател на современиот универзитет на 1 јули 1891 година, а првите предавања се одржале на 1 октомври 1892 година.

Училиштето за бизнис е основано во 1898 година, а правното училиште во 1902 година. Харпер починал во 1906 година и бил заменет од три претеседатели во серија чиишто мандати траеле до 1929 година. За време на овој период бил основан Ориенталниот институт.

 Церемонија во минатото за доделување на дипломи на Универзитетот во Чикаго.

1920-тите до 1980-тите

Во 1929 година петтиот претседател на Универзитетот, Роберт Мајнард Хучхинс настапил на сцена. Универзитетот поминал низ многу промени за време на неговиот 24 годишен мандат. Хучхинс го отстранил универзитетскиот фудбал од Универзитетот во обид да ја потцени атлетиката наспрема академиите, ја вовел наставната програма за додипломски студии по слободна уметност позната како Заедничко срце и ја организирал Универзитетската дипломска работа во нејзините денешни четири дивизии. Во 1933 година Хучхинс предложил неуспешен план да се соединат Универзитетот во Чикаго и Северозападниот Универзитет во еден универзитет. За време на неговото раководење болниците од Чикаго Универзитетот ( денес наречени медецински центар на Чикаго Универзитетот) завршиле со градење и ги примиле своите први студенти и бил создаден Комитет за општествени размислувања.

Парите што биле собрани за време на 1920-тите години и финансиската поддршка од организацијата на Рокфелер му помогнале на универзитетот да опстане за време на Големата економска криза. За време на Втората светска војна, Универзитетот остварил значаен придонес во проектот Менхетен. Универзитетот бил местото на првата изолација на плутониум и создавањето на првата вештачка само снабдувачка јадрена реакција од Енрико Ферми во 1942 година.

 Тимот од Чикаго Универзитетот што работел на создавање на првата светска само снабдувачка јадрена реакција направена од човек, со Енрико Ферми во првиот ред.

На почетокот на 1950-тите, студентските пријавувања опаднале како резултат на зголемениот криминал и сиромаштија во Хајд Парк околината. Како одговор на тоа, Универзитетот станал најголемиот спонзор на контраверзалниот проект за обнова на Хајд Парк кој длабоко влијаел на архитектурата на околината и уличниот план.

Универзитетот го искусил и студентското апсење во 1960-тите, почетокот на 1962 година, кога студенти ја окупирале канцеларијата на претседателот Џорџ Бадл, при протест за универзитетското изнајмување на кампусите на луѓе кои не припаѓаат таму. Во 1969 година повеќе од 400 студенти лути поради отпуштањето на популарниот професор Марлен Диксон, две недели ја окупирале Административната зграда. Откако завршиле протестите, кога Диксон го одбила повторното назначување на една година, 42 студенти биле избркани и 81 суспендирани, а најголемиот дел од нив ја сносиле одговорноста за студентската окупација на кој било Американски универзитет за време на студентските движења.

Во 1978 година, Хана Холборн Греј, тогашната деканка и претседателка на Универзитетот во Јеил, станала претседател на Универзитетот во Чикаго каде што работела 15 години.

1990-тите до 2000 година

Во 1999 година, тогашниот претседател Хуго Соненшејн објавил планови за одмарање од прославениот универзитетски основен предмет, намалувајќи го бројот на курсеви што се бараат од 21 на 15. кога Њујорк Тајмс, Економист и други весници ја одбраа оваа приказна Универзитетот стана главна тема на разговор во државното образование. Промените биле целосно спроведени, но контроверзноста одиграла улога во одлуката на Соненшејн за да си даде оставка во 2000 година.

Во минатата декада универзитетот започнал со проекти кои вределе милионски суми. Во 2008 година, Универзитетот во Чикаго објавил план за основање наМилтон Фридман Институтот. Институтот ќе чини околу 200 милиони долари и ќе ја заземе зградата на Чикаго Теолошката Богословија. Некои членови на факултетот и студенти потпишале периција против овие планови. Во истата година, дарителот Дејвид Г. Бут донирал 300 милиони долари на универзитетската школа за бизнис Бут, која е најголем подарок во историјата на универзитетот и најголем подарок во кое било бизнис училиште. Во 2009 година, планирање или изградба на неколку нови згради, половина од кои чинеа 100 милиони долари или повеќе беа во тек.

Неодамнешна кампања од две милијарди долари му донесе дополнителни трошоци на кампусот, вклучувајќи го и свеченото откривање на Макс Палевски заедничкиот станбен објект, Станбениот хол во јужниот кампус, Жералд Ратлер спортскиот центар, нова болница и нова зграда за природни науки. Моменталните проекти во изградба вклучуваат: Џул и Гвен Кнап центарот за биомедецинско истражување, медецински истражувачки центар, како и дополнителни доградби на медецинскиот кампус при медецинскиот центар во Чикаго Универзитетот.

Кампуси

Главниот кампус на Универзитетот во Чикаго содржи 211 акри (85 хе) во соседството на Чикаго на Хајдпарк и Вудленд, седум милји (11км) јужно од центарот на Чикаго. Северните и јужните делови од кампусот ги дели Мидвеј Плеснс, голем, линеарен парк создаден за светската колумбиска експозиција во 1893 година.

Првите згради на кампусот на Универзитетот во Чикаго што го сочинуваат она што денес е познато како Главни Четириаголници, биле дел од главниот план замислен од два универзитети во Чикаго под старателство и исцртани од архитектот Хенри Ивс Коб од Чикаго. Главниот Четириаголник се состои од шест четириагоолници, секој опкружен со згради ограничен е со еден главен четириаголник. Зградите од главните четириаголници се дизајнирани од Коб, Шеплеј, Рутан и Колиџ, Холбрид и Руш и други архитектски фирми во Универзитетски Готски стил, стил кој е смислен по изгледот на Оксфордскиот Универзитет. ( Мајкл Тауер на пример е изградена според Оксфордската кула на Магдален, а универзитетскиот долен дом, Хичкинсон Хол е дупликат на Оксфордскиот Хол Исусовата црква).

 Старите згради на Универзитетот во Чикаго со универзитетски готски стил како кај Оксфордскиот Универзитет. На пример Мајкал Тауер во Чикаго (лево) е изградена според Оксфордската Магдален (десно).

По 1940-тите универзитетскиот готски стил на кампусот започнал да дава и правци на модерни стилови. Во 1955 година, Ееро Саариен бил најмен за да развие втор главен план кој довел до изградба на згради северно и јужно од Мидвеј, вклучувајќи го и Лерд Бел правниот четириаголник (комплекс дизајниран од Саариен), серија на згради за уметност, зграда дизајнирана од Лудвиг Мие ван дер Рох за универзитетското училиште за општествена услужна администрација и Ренгестиен библиотеката најголемата зграда во кампусот, брутална структура дизајнирана од Волтер Нетч од фирма од Чикаго Скидмор, Оуинг и Мерил. Друг главен план, дизајниран во 1999 година и модернизиран во 2004 година, го изработил Жерард Радер спортскиот центар (2003 година), Макс Палевски Заедничкиот станбен објект (2001 година), Станбениот хол во јужниот кампус, и објекти за јадење (2009 година), нова детска болница и други конструкции, проширувања и реставрација.

Страната на првиот столб на Чикаго е Државниот историски белег и е забележан од Хенри Мур, скулптура за јадрена енергија. Роби Хаус и Френк Лојд Рајт зградата е побарана од Универзитетот во 1963 година исто така е државен историски белег како што е и собата број 405 од Џорџ Херберт Џонс библиотеката каде Глен Т. Сибург и неговиот тим биле првите кои го изолирале плутониумот. Хичкок Хол, додипломска спална е во Државниот регистер на историски места.

Кампуси на Универзитетот во Чикаго

 Снел Хичкок, додипломска спална изградена околу 20 век и е сместена во Главните Четириаголници.
 Капелата Рокфелер која била дизајнирана од Бертрам Годху и е изградена во 1928 година, покажувајќи архитетски вид на нео готска архитектура.
 Хенри Хиндс библиотеката за геофизички науки која била изградена во 1969 година.
 Жералд Ратнер спортскиот центар отворен во 2003 година и дизајниран од Цезар Пели е дом на одбојкарски, боречки, пливачки и кошаркарски тимови при Универзитетот во Чикаго.

Сателитски кампуси

Универзитетот во Чикаго исто така има простории и надвор од кампусот. Универзитетската школа за бизнис Бут има кампуси во Сингапур, Лондон и во центарот на Стритервил, маало во Чикаго. Центарот во Париз, кампус кој се наоѓа на левиот брег на реката Сена во Париз е домаќин на неколку додипломски и дипломски студиски програми. Универзитетот во Чикаго исто така отвори нов центар во Бејинг есента во 2010 година.

Администрации и финансии

Со универзитетот во Чикаго владее универзитетски совет. Универзитетскиот совет го следи долгорочниот развој и плановите на универзитетот и раководи со обидите за собирање на средства и е составен од 50 членови вклучувајќи го и универзитетскиот претседател. Директно под претседателот се Деканот, четиринаесет потпретседатели (вклучувајќи ги и главниот финансиски директор, главниот директор за инвестиции, и деканот на студентите од универзитетот), директори на државната библиотека Аргон и Фермилеб, секретаријатот на универзитетот и студентскиот народен првобранител. Од Август 2009 година претседателот на одборот на директори е Ендрју Алпер и претседател на универзитетот е Роберт Зимер.

Универзитетското потпомагање е 11-то по големина помеѓу Американскиот образовни институциии системот на државните универзитети во 2008 година и во јули 2010 година има вредност од 5.578 милијарди долари.

Академии

Универзитетски рангирања (севкупни)

ARTU Светско 9

ARTU Државно 8

Форбс 20

Тајмс високо образование 12

USNWR државни универзитети 9

WM државен универзитет 13

Академското тело на Универзитетот во Чикаго е составено од колеџ, четири поделени дипломски истражувања, шест професионални училишта и училиштето Грахам за главни студии (продолжително образовно училиште). Универзитетот исто така содржи и библиотекарски систем, Универзитетот во Чикаго прес, лабораториски училишта при Универзитетот во Чикаго и медецинскиот центар при Универзитетот во Чикаго и е во тесна врска со многубројни независни академски институции, вклучувајќи ги Фермилаб и Аргон државната библиотека. Универзитетот е акредитиран од високо образовна комисија од северната централна групација за колеџи и училишта.

Универзитетот работи на четврт систем во кој една академска година е поделена на четири тримесечја: летно (Јуни-Август), есенско (Септември-Декември), зимско (Јануари-Март) и пролетно (Април-Јуни). Постојаните додипломски студенти земаат три од четирите курсеви секоја четвртина за приближно единаесет недели пред да започне нивниот академски распуст. Најчесто учебната година започнува на крајот на Септември, а завршува во средината на Јуни.

Додипломски колеџи

Колеџот на Универзитетот во Чикаго доделува диплома од втор степен за уметност и диплома од втор степен за природни науки, дипломи во 49 академски главни предмети и 22 втори предмети. Академиите на колечот се поделени во пет дивизии: биолошка научна универзитетска дивизија, физичка научна универзитетска дивизија, социјална научна универзитетска дивизија, универзитетска дивизија за општествени науки и новата универзитетска дивизија. Првите четири се сектори во чии рамки одговараат и дипломските дивизии, додека пак администрацијата на новата универзитетска дивизија го прима поголемиот дел на студенти кои не се вклопуваат во ниту една од останатите четири дивизии.

Додипломските студенти се обврзани да земат распределени курсеви за да го задоволат барањето на универзитетот за основни предмети познати како заеднички предмет. Повеќето од предавањата на основните предмети во Чикаго содржат не повеќе од 25 студенти и со нив раководи професор со целосно работно време (а не асистент кој предава). Во учебната година 2009-2010 година, на 15 предавања беа извршени профишнси тестови за познавање на странски јазик, тест по пливање и по 3 тестови за физичко образование (зависно од резултатите на приемните испити) се бараат од главниот предмет.

Универзитети за посдипломски студии и комитети

Универзитетите за посдипломски студии и комитетите се поделени во четири оддели и тоа: биолошки природни науки, општествени науки, физички природни науки и социјални науки. Во пролетното тримесечје во 2009 година на Универзитетот се запишаа 3.633 додипломски студенти: 485 во одделот за биолошки науки, 1 076 во општествените науки, 732 во физиката и 1.340 на социјални науки.

Универзитетот е дом на неколку комитети за интердисциплинарна школарина, вклучувајќи го и здружението за социјални размислувања.

 Домот Екрат Хол, одделот за математика и статистика при Универзитетот

Професионални школи

Универзитетот има шест професионални школи: школата за медецина Прицкер (која е дел од одделот за биолошки науки), училиштето за бизнис Бут, правната школа, школата за теологија, школата за надворешна политика Харис и школата за социјални услуги и администрација. Вкупниот број на примени студенти во овие шест школи во пролетното тримесечје во 2009 година беше 5086, 2878 студенти во бизнис училиштето, 344 во теолошкото училиште, 452 во медецинското училиште, 269 во училиштето Харис, 492 во школата за социјални услуги и администрација и 649 во правната школа.

Правното училиште е акредитирано од американското здружение Бар, теолошкото училиште е акредитирано од комисијата за акредитација при здружението на училишта за теологија во САД и Канада, Прицкер е акредитиран од здружението за медецинско образование Лиазон.

Здружени академски институции

Универзитетот раководи со голем број на институции и програми освен оние за додипломски и посдипломски студии. Раководи со лабораториските училишта при Универзитетот воЧикаго (приватно дневно училиште за К-12 студенти и дневна грижа), ортогенското училиште Сониа Шакман (место со програми за лечење на оние со проблеми во однесувањето и емоционални проблеми) и четири јавни статутни училишта на јужната страна во Чикаго раководени од институтот за урбано образование. Покрај тоа, дневното училиште Хајд Парк, школата за деца со неспособности за учење е сместено во кампусот на Универзитетот во Чикаго. Од 1983 година, Универзитетот во Чикаго ја одржува школата за математички проекти при Чикаго универзитетот, математички програми за урбаво примарно и секундарно образование. Универзитетот работи со програма наречена совет за напредни студии во општествените и хуманистичките науки, во која се одржуваат интердисциплинарни работилници за да обезбедат форум за дипломираните студенти, факултет и посета на училиштето за да се виде неговиот напредок. Универзитетот исто така го раководи и пресот при Универзитетот во Чикаго, најголемиот универзитетски прес во САД.

 Лабораториското училиште во Универзитетот во Чикаго

Библиотекарен систем

Библиотекарниот систем при Универзитетот во Чикаго има шест библиотеки кои содржат 8.5 милиони книги и е 12-ти систем помеѓу сите во САД. Најголема од универзитетските библиотеки е Регенстен библиотеката, која ќе биде најголемата библиотека со собрани материјали штом ќе заврши нејзиното проширување во 2010 година. Библиотеката Џон Крерар содржи повеќе од 1.3 милиони дела во области на биологијата, медицината и физиката, и колекции во општата наука како и филозофија и историја на науките, медицина и технологија. Универзитетот исто така раководи и со специјални библиотеки, вклучувајќи ги и правната библиотека Д’Анџело, библиотеката за социјални услуги и администрација и библиотеката за математика и компјутерски науки Екарт.

 Библиотеката Џозеф Регенстен

Истражувања

Во фискалната 2006 година, Универзитетот во Чикаго портошил 305,301 000 американски долари на научни истражувања. Според фондацијата за напредок во предавањето Карнеги е класифициран како институција со многу висока истражувачка активност и е основачки член на Здружението за институционална соработка и Здружението на Американски универзитети.

Универзитетот раководи со 12 истражувачки институти и 113 истражувачки центри во кампусот. Меѓу овие се наоѓаат Источниот институт- музеј и истражувачки центар за близу источни студии во сопственост и раководен од Универзитетот и голем број на државни изворни центри, вклучувајќи го и Центарот за меѓуисточни студии. Чикаго исто така раководи или е во здружение со голем број на истражувачки центри освен оние кои се во негова сопственост. Повремено Универзитетот менаџира со државната библиотека Аргон која е дел од одделот за енергетски државен библиотекарски систем во САД и има заеднички удел во Фермилаб, физичка лабораторија во близина, како и удел во Апач поинт опсерваторијата во Санпорт, Ново Мексико. Факултетот и студентите во соседниот технички институт во Чикаго, Тојота, соработува со Универзитетот и икао формално се неповрзани државниот истражувачки центар се наоѓа во кампусот.

 Поглед од Фермилеб, една од научните истражувачки библиотеки во Универзитетот во Чикаго.

Универзитетот во Чикаго бил дом на некои од најважните експерименти и академски движења. Во економијата, Универзитетот одиграл значајна улога во обликувањето на идеите за слободен пазар, и е имењак со училиштето за економија во Чикаго, економската школа поддржана од Милтон Фридман и други економисти. Универзитетскиот оддел за социологија бил првиот независен оддел за социологија во САД, а од него се родила и школата за социологија во Чикаго. Во физиката, Универзитетот бил дел од Чикаго пајл – 1 (првата само спонзорирачка човечка направа, јадрената реакција од проектот Менхетен) или експериментот на Роберт Миликан кој го пресметал полнењето на електроните и развојот ја радиојаглеродот.

Луѓе

Има 85 Нобелови лауреати кои се поврзани со Чикаго Универзитетот од кои 17 биле за истражување или за факултет на Универзитетот кога тие биле објавени.

Покрај тоа многу поранешни студенти и ученици во Чикаго имаат добиено Фулбрајт награди, а околу 44 биле запишани во школите Роудс.

Во пролетното тримесечје во 2009 година, на Универзитетот во Чикаго се запишале 4,920 студенти на колеџот, 3 633 во четирите додипломски дивизии, 5088 студенти во професионалните школи и се вкупно 14 000 студенти. Во пролетното тримесечје во 2009 година, бројот на меѓународни студенти бил околу 18 % од севкупниот број на студентите, најмалку 23 % од студентите биле од домашните етнички заедници и 45 % биле девојчиња. 50 % од САТ бодувањето за додипломски класови до 2014 година бил 1400 до 1530, процентуалното бодување според МЦАТ за медицинската школа Прицкер е 36 и ЛСАТ бодувањето за прием на студентите во правното училиште во 2009 година бил 171.


Демографско студентско тело, пролетно тримесечје 2009 година Поделба по род Колеџ Додипломски училишта Професионални училишта Вкупно универзитет Машки 50.3% 56.6% 60.9% 55.1% Женски 49.7% 43.4% 39.1% 44.9% Поделба по раса Колеџ Додипломски училишта Професионални училишта Вкупно универзитет Меѓународни студенти 8.8% 28.4% 21.2% 18.3% Африканско американски 5.7% 3.3% 5.4% 4.9% Индијанци 0.3% 0.4% 0.2% 0.4% Арапи, Среден Исток, северна Африка 0.4% 0.2% 0.2% 0.4% Азијци 13.8% 4.6% 14.7% 11.6% Од Тихоокеанските острови 0.06% 0.02% 0.06% 0.06% Шпанци, Латинска Америка 8.6% 3.0% 4.2% 5.4% Лица од повеќе култури 0.4% 0.9% 1.1% 0.8% Белци 44.2% 47.9% 47.7% 46.5% Неодредени 17.7% 11.3% 5.17% 11.9%

Поранешни студенти

Во 2004 година, Универзитетот од Чикаго прогласил дека има 133,155 живи поранешни студенти.

Спорт

Чикаго Универзитетот е дом на 19 различни спортски тимови: 10 машки тимови и 9 женски тимови сите наречени Костенливите со 585 студенти кои учествувале во учебната 2008-2009 година.

 Костенливите од Чикаго

Костенливите ја завршиле третата НЦАА дивизија како членови на Универзитетската атлетска асоцијација (УАА). Универзитетот бил основачки член на Големата десетта конференција и учествувал во првата НЦАА дивизија за машки фудбал и кошарка и бил постојан учесник во машкиот кошаркарски турнир. Во 1935 година Универзитетот во Чикаго ја достигнал Sweet Sixteen. Сепак, Универзитетот одбрал да се повлече од конференцијата во 1946 година откако претседателот на Универзитетот, Роберт Мајнард Хучхинс ја потценил разновидноста на спортот во 1939 година и се откажал од фудбалот. (во 1969 година, Чикаго повторно започнал да игра фудбал во третата дивизија, а своите домашни игри продолжил да ги игра на новиот терен Стаг).

Студентски живот

 Универзитетскиот Рејнолд клуб, студентски центар
 Студентски дом Макс Пелевски, соби за спиење изградени во 2001 година дизајнирани од постмодернистот мексиканецот Рикардо Легорета

Студентски организации

Студентите на Универзитетот во Чикаго располагаат со 400 клуба и организации познати како Признати студентски организации (ПСО). Во нив се вклучени културни и религиски групи, академски клубови и тимови и организации со заеднички интереси. Помеѓу значајните ПСО се обновените импровизирани комедиски трупи Кампусите Off-Off, организираното здружение при Универзитетот во Чикаго за лов на мршојадци, студентскиот весник што излегува двапати неделно Костенливите од Чикаго и радиостаницата во сопственост на универзитетот WHPK-FM.

Братства и женски здруженија

Има четиринаесет братства и шест женски здруженија на Чикаго Универзитетот, како и едно братство за заеднички услуги, Алфа Фи Омега. Три од женските сдруженија се членови на државната конференција Панхеленик, и десет од братствата во Универзитетот во Чикаго се во советот на машките и женските здруженија. Во 2002 година, директорот на студентските активности проценил дека 8 од 10 проценти од додипломците се членови на некое братство или женско здружение. Канцеларијата за студентски активности објавила исти бројки, објавувајќи дека еден од десет студенти учествуваат во Грчкиот живот.

Вдомување на студентите

Во кампусот за додипломски студенти на Универзитетот во Чикаго учествуваат во системот за вдомување со којшто секој студент е запишан во една од десетте универзитетски студентски домови и во помали заедници во рамките на студентските домови наречени куќи. Има 36 куќи во кои просечно има по 70 студенти и од сите се бара да учествуваат во системот на вдомување, а пак вдомувањето ќе биде загарантирано за секој од нив. Околу 60% од студентите живеат во кампусот.

За дипломираните студенти, Универзитетот располага со 28 згради во близина на кампусот.

Традиции

Од 1987 година секој Мај, Универзитетот во Чикаго одржува лов на мршојадци при Чикаго Универзитетот при кој големи тимови од студенти се натпреваруваат за да задржат ноторни таинствени предмети од нивната листа. Исто така годишно Универзитетот одржува летен карневал и концерт наречен Летно ветре кој е дом на странски изведувачи и е дом на док филмовите, здружение на студентски филмови основано во 1932 година којшто ги дава филмовите ноќе на Универзитетот.

Белешки

Бројките на додипломските студии се дел од вкупните податоци од секоја од четирите дивизии: бројките од Професионалното училиште се дел од вкупниот број на Бут, Теолошкото училиште, Правното училиште, Харис, ССА и Пицкер. Училиштето Грахам од главните студии, Додипломските прашања и Специјалните програми се вклучени во вкупната бројка, но не и во нешто друго.

Наводи

уреди
  1. „Околу Универзитетот“. Чикашки универзитет. 2013. Посетено на 24 декември 2013.
  2. „The Endowment | Annual Report“. Чикашки универзитет. Архивирано од изворникот на 2015-09-10. Посетено на 29 јуни 2015.
  3. 3,0 3,1 „Околу Универзитетот“. Чикашки универзитет. Посетено на 7 август 2015.
  4. 4,0 4,1 4,2 „Факти за новинари“. UChicago News Office. Архивирано од изворникот на 2015-03-15. Посетено на 15 декември 2013.
  5. „University of Chicago opens groundbreaking sustainable field station“. Чикашки универзитет. Посетено на 8 јули 2015.