„Умберто Д.“ (италијански: Umberto D.) е италијански филм од 1952 година, во режија на Виторио де Сика (Vittorio De Sica). Сценариото е дело на Чезаре Ѕаватини (Cesare Zavattini). Главните улоги ги толкуваат: Карло Батисти (Carlo Battisti), Марија Пија Касилио (Maria Pia Casilio), Лина Џенари (Lina Gennari) и Мемо Каротинуто (Memmo Carotenuto). Во 1957 година, филмот бил номиниран за наградата „Оскар“ за најдобро сценарио, а во 1952 година бил номиниран за Големата награда на Филмскиот фестивал во Кан.[1]

Синопсис

уреди

Умберто Ферари (го игра Батисти) е постар, пензиониран државен службеник кој учествува на демонстрациите за зголемување на пензиите. Полицијата ја растерува толпата, а Умберто се враќа во својата соба која ја дели со кучето Флик. Негова единствена пријателка е Марија (ја игра Касилио), слугинката во пансионот, која е бремена со еден од двајца војници, но ниеден од нив не сака да го признае татковството. Станодавката на Умберто, Антонија (ја игра Џенари) бара да ја плати задоцнетата станарина, но тој нема доволно пари, иако ги продава часовникот и книгите. Најпосле, тој се разболува и завршува на болница, каде нема никакви грижи. Меѓутоа, кога го отпуштаат од болницата, тој се враќа во станот каде го нема кучето, а станодавката го исфрла на улица...

Наводи

уреди