Ултрамарин (роман)
Ултрамарин — роман на српскиот писател Милета Продановиќ од 2011 година. Во 2015 година, романот бил објавен на македонски јазик од страна на издавачката куќа „Магор“.
Содржина
уреди„Ултрамарин“ е роман за смртта на таткото и начинот на којшто авторот се соочува со неа. Раскажувачот ги разгледува и пакува предметите оставени во сликарското студио на својот татко и тоа иницира долги сеќавања за случките од нивниот заеднички живот, а особено за патувањата низ Италија.[1]
Осврт кон романот
уреди„Ултрамарин“ е роман за созревањето со уметноста и преку уметноста. Насловот на романот има неколку симболични значења: ултрамаринот е омилената боја во сликите на таткото, тоа е бојата на морето за време на нивното патување на Средоземјето, но и боја што има амбивалентни метафизички конотации. Романот се одликува со интеракција меѓу текстот и визуелните уметности - фотографии и колажи - кои во романот не играат улога на илустрации, туку се автономни елементи на текстот.[1]