Ултимо (кантавтор)

Ултимо (Последниот), псевдоним за Николо Морикони (27 јануари 1996, Рим) е италијански кантавтор.

Победник на Фестивалот во Санремо 2018 во категоријата Нови предлози (Nuove proposte) со песната Il ballo delle incertezze, со која ја добива и наградата Лунеција за Санремо. Во 2019, повторно учествува на Фестивалот и се пласира на второто место со песната I tuoi particolari. По третпат учествува во 2023 завршува на четвртото место со песната Alba.

Биографија

уреди

Почетоците во музичката кариера

уреди

Николо Морикони е роден во Рим на 27 јануари 1996 година во областа Сан Базилио. На 8-годишна возраст студира пијано и композиција на Конзерваториумот Санта Сесилија, а на четиринаесетгодишна возраст почнува да пишува и компонира песни.[1] Во 2010 година студира пеење и пијано во Музичкото училиште Мелоди[2] и последователно станува продуцент во Мелоди Студио Рекординг. Во 2013 година победува на третото издание на натпреварот за пеење Una voce per il Sud со песната Regalami un sorriso, посветена на децата од одделот за онкологија во детската болница Бамбино Џезу во Рим.[2] Истата година, по повод хуманитарен концерт, ја претставува втората необјавена песна Amo te.[2]

На 16 мај 2014 ја објавува Una canzone che sogna,[3] по која следи Diamante nel cielo посветена на еден пријател што загинал во сообраќајна несреќа.[4] Песната била наменета за Фестивалот во Санремо 2015, но била одбиена. Истата година излегува Un uomo migliore во соработка со ЏанКарло Џанини.[5] Во јули за време на хуманитарен концерт за децата со аутизам ја претставува песната Il bambino con le scarpe viola[6] напишана на таа тема. Во тој период почнува да настапува во римски локали, главно во областа Сан Лоренцо, а веќе идната година ги објавува песните Fragile[7] и Ritrova i tue passi[8] на неговиот YouTube канал.

Првиот албум: Pianeti (2017)

уреди

На 28 мај 2016, за првпат под псевдонимот Ултимо, победува во Милано на музичкиот натпревар за хип хоп One Shot Game, промовиран од Хониро Лабел (Honiro Label), продуцентската куќа со која понатаму почнува да соработува.[9][10] Следната година го отвора концертот на Фабрицио Моро во Рим, а истата година заедно со Шива (Shiva) настапува во зоната Тестачо, во Рим по повод отворениот ден посветен на филмот Војната – Планетата на мајмуните (The War - Il pianeta delle scimmie).[11] На 10 март дебитира со песната Chiave,[12] по која следат Ovunque tu sia[13] и Sabbia[14] На 6 октомври истата година заедно со истоимената песната Pianeti [15] го објавува неговиот прв албум Pianeti[16] достигнувајќи ја втората позиција на ранг листата на iTunes.[17][18] Во меѓувреме, излегуваат песните Giusy, Sogni appesi и Stasera, како последна од албумот.

Санремо Џовани и Peter Pan (2017-2018)

уреди

На 15 декември 2017 победува во категоријата Нови предлози со песната Il ballo delle incertezze,[19][20] со која обезбедува учество на Фестивалот во Санремо идната година. Со истата песна ја освојува и наградата Лунеција за најдобар текст. Истиот ден го објавува и вториот студиски албум Peter Pan[21] заземајќи го четвртото место на листата на Федерацијата на италијанската музичка индустрија (ФИМИ),[22][23] а веќе следната година го достигнува приматот на ранг листата.[22][24]

Во меѓувреме двата први концерти на кантавторот во Рим и Милано се распродадени.[25] Ги продолжува соработките, овојпат со Серчо (Sercho) за песната Tenebre,[26] со Мостро (Mostro) за акустичната верзија на песната E fumo ancora и со Фабрицио Моро L'eternità (il mio quartiere)[27] На 4 мај истата година оди во Болоња, за да го промовира албумот и од таму започнува турнејата на Peter Pan Live Tour , што резултира со огромен успех.

 
Ултимо на концертот од 20 јануари 2018 година во Театро Квиринета во Рим

Во септември ја објавува песната Cascare nei tue occhi,[28] а веќе во декември излегува Ti dedico il silenzio,[29] чие видео ги прикажува сликите за време на концертите. На крајот од турнејата, во ноември 2018 година, ја најавува турнејата Colpa delle favole во главните италијански арени[30] и La favola, концертен настан на Стадионот Олимпико во Рим.[29] Сите карти се распродадени[31] и со тоа Ултимо станува најмладиот италијански пејач што настапувал на такви локации.[32] Во декември е прогласен за најслушаниот изведувач на годината на музичката платформа TIMMUSIC.[33]

Враќањето на Фестивалот во Санремо и Colpa delle favole (2019)

уреди

По победата во категоријата Нови предлози, во 2018 се враќа на Фестивалот. Со I tuoi particolari го освојува второто место и ја добива наградата TIMMUSIC за најслушана песна.[34]

 
Ултимо на концертот од 22 мај 2019 година во Палацо дело спорт во Рим

На 5 април 2019 година, го објавува неговиот трет студиски албум Colpa delle favole.[35] Албумот доживува вистински успех и е на првото место на ранг листите пет последователни недели.

Во јули ФИМИ соопштува дека Ултимо е првиот жив изведувач што истовремено има три студиски албуми во листата на десетте најпродавани албуми на годината, Colpa delle favole на првото место, Peter Pan на петто и Pianeti на деветто.[36]

На 4 јули го држи неговиот прв концерт во Стадионот Олимпико во Рим, а поради огромната публика (околу 64 000 лица), станува вториот најгледан концерт за годината. Во таа прилика ја претставува песната Poesia per Roma, оддавајќи почит на родниот град.[37]

Последователно, најавува турнеја за летото 2020 година, првично составена од 8 датуми.[38] За кратко време голем дел од картите се веќе распродадени, а дел од приходите Ултимо донира на УНИЦЕФ за проекти во Мали.[39] Во септември истата година, по првите распродадени датуми во Милано, Фиренца и Неапол, додадени се уште 6 нови датуми.[40] Со удвојувањето на датумот за концерт во Стадионот Сан Паоло во Неапол, Ултимо станува првиот изведувач кој настапува на тоа место две последователни вечери.[41]

На 18 октомври тој е назначен за Амбасадор на добрата волја (Ambasciatore di Buona Volontà) од страна на Италијанскиот комитет на УНИЦЕФ за неговата голема дарежливост и за страсна посветеност во одбрана на „последните“, најзагрозените момчиња и девојчиња од целиот свет.[42][43] Во декември е еден од најслушаните изведувачи на годината на Spotify во Италија.[44] Со околу 371 милион прегледи, е и најпопуларниот пејач на YouTube во 2019 година во Италија.[45]

Соло (2019-2022)

уреди

На 13 декември 2019 година ја објавува песната Tutto questo sei tu,[46] за првпат е изведена во живо за време на финалето на тринаесеттото издание на Х Фактор[47] и последователно дебитира на првото место на ранг листата за најпродавани песни на неделата на ФИМИ.[22][48]

На почетокот на јануари 2020 година, ФИМИ соопштува дека Colpa delle favole е најпродаваниот албум за 2019 година,[49] четвртото место го зазема Peter Pan, а Pianeti се класифицира на единаесеттата позиција.[49] Во февруари, тој е првиот пејач - Амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ кој заминува на мисија во Африка и воопшто првиот амбасадор во Мали.[50]

Во септември 2020 година се повлекува од Хониро за да основа своја независна продуцентска куќа, Ултимо Рекордс.[51] Првата песна произлезена од Ултимо Рекордс е насловена 22 settembre и соодветно објавена на тој датум.[52] По два месеци ја објавува песната 7+3, посветена на неговата мајка.[53] На 23 април 2021 година, ја претставува Buongiorno vita,[54] премиерно изведена претходниот ден за време на Buongiorno vita - L'evento - концерт со пијано, од внатрешноста на Археолошкиот парк на Колосеумот.[55] Настанот го собори рекордот на продадени билети во Италија за виртуелен концерт.[56]

На 22 септември 2021, по една година од објавувањето на 22 settembre, со песната Niente го најавува неговиот четврти албум Solo.[57][58] За краток период албумот доживува успех и го достигнува врвот на ранг листите. Песната Supereroi, од новиот албум, станува дел од музиката во истоимениот филм на Паоло Џеновезе. Видеото на песната е сочинето од фрагменти од филмот во кој земаат учество глумците Алесандро Борги и Јасмин Тринка.[59]

На 25 март 2022 се објавува Solo - Home Piano Session, реиздание на Solo. Содржи седум песни, шест од нив се од албумот, препеани во акустична верзија, придружени само со пијано, седмата е насловена Equilibrio mentale исто така во пијано верзија. Сите песни се снимени во јули 2021 на езерото Комо.

На 6 мај 2022 година, излегува италијанската верзија на 2step, песна од британскиот кантавтор Ед Ширан во соработка со Ултимо.[60]

Турнеи, учество на Фестивалот во Санремо и Alba (2022-сега)

уреди

На 25 мај 2022 година, ја објавува Vieni nel mio cuore, напишана за време на концертните проби Ultimo Stadi 2022.[61]

На 28 октомври 2022 година излегува Ti va di stare bene.[62]

На 4 декември 2022 година, се најавува неговото учество на Фестивалот Санремо 2023[63] со песната Alba[64] и завршува пласиран на четвртото место. Во февруари следната година го издава албумот Alba, кој ја содржи и истоимената песна.[65][66]

Дискографија

уреди
Студиски албуми
  • 2017 - Pianeti
  • 2018 - Peter Pan
  • 2019 - Colpa delle favole
  • 2021 - Solo
  • 2023 - Alba

Забелешка

уреди
  1. „Niccolò Moriconi, in arte Ultimo“ (италијански). 2017-07-02. Архивирано од изворникот на 2023-04-14. Посетено на 2023-04-14.
  2. 2,0 2,1 2,2 „Niccolò Moriconi, vincitore di una voce per il Sud 2013“. Архивирано од изворникот на 2020-09-23. Посетено на 2023-04-14.
  3. „Niccolo' Moriconi - Una Canzone Che Sogna (Radio Date: 16-05-2014)“.
  4. „Niccolo' Moriconi - Diamante nel cielo (Radio Date: 06-02-2015)“.
  5. „Niccolo' Moriconi - Un Uomo Migliore (feat. Giancarlo Giannini) (Radio Date: 16-04-2015)“.
  6. „il bambino con le scarpe viola“ (италијански).
  7. „Ultimo“ (италијански).
  8. „Ultimo“ (италијански).
  9. „Biografia minima di Ultimo, tra i giovani al Festival di Sanremo“. ilpost.it. 8 febbraio 2018. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  10. „Eventi | Ecco i 4 vincitori del One Shot Game 2016 Mi-Edition“ (италијански). 2016-05-29.
  11. "The War – Il pianeta delle scimmie", in scena c'è Lucamaleonte“ (италијански).
  12. „Ultimo - Chiave (Radio Date: 10-03-2017)“.
  13. „Ultimo - Ovunque tu sia (Radio Date: 26-05-2017)“.
  14. „Ultimo - Sabbia (Radio Date: 21-07-2017)“.
  15. „Ultimo - Pianeti (Radio Date: 13-10-2017)“.
  16. „Pianeti segna il debutto discografico di un poeta urbano, Ultimo“ (италијански). 2017-10-05.
  17. „Scopri chi è Ultimo e guarda il nuovo videoclip del singolo "Pianeti". rnbjunk.com. 9 ottobre 2017. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  18. „Chi è Ultimo, cantante delle Nuove Proposte di Sanremo“. supereva.it. Архивирано од изворникот на 2023-03-22. Посетено на 2023-04-14.
  19. „Sanremo 2018: i big in gara e le nuove proposte. Elio e Le Storie Tese e Ornella Vanoni. Ma anche i Pooh in versione "destrutturata". huffingtonpost.it. 16 dicembre 2017. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  20. „Sanremo 2018, 5 cose da sapere sul Festival“. quotidiano.net.
  21. „ULTIMO: esce domani "PETER PAN" il nuovo album con il brano "Il ballo delle incertezze". fourzine.it. 8 febbraio 2018. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  22. 22,0 22,1 22,2 „Archivio Classifiche - FIMI“ (италијански).
  23. „CLASSIFICHE VENDITE FIMI: Debutto alla #1 per ERMAL META...i risultati di Sanremo 2018 rispecchiano quelli del pubblico“ (италијански). 2018-02-16.
  24. „Classifiche di vendita Fimi - Ultimo dopo 54 settimane conquista la #1“ (италијански). 2019-02-22.
  25. „per la prima volta live con due date speciali! - Vivo Concerti News“ (англиски). Архивирано од изворникот на 2022-07-03. Посетено на 2023-04-14.
  26. „√ Rockol - la musica online è qui - Novità Musicali“ (италијански).
  27. „Fabrizio Moro feat. Ultimo: fuori ora il nuovo singolo "L'eternità (il mio quartiere)" (англиски). 20 aprile 2018. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  28. „Ultimo pronto a lanciare a settembre il singolo "Cascare nei tuoi occhi" (италијански). 2018-08-26.
  29. 29,0 29,1 „Ultimo: il nuovo singolo Ti dedico il silenzio e il concerto all'Olimpico“ (италијански). 2018-12-14.
  30. „Colpa delle favole è il nuovo album di Ultimo. Ecco le date live 2019“ (италијански). 2018-10-08.
  31. „Ultimo non si ferma! Sold out lo stadio Olimpico, disco di platino per Pianeti“ (италијански). 2019-02-26.
  32. „il suo Colpa delle Favole tour nei palazzetti è tutto sold out! - Vivo Concerti News“ (англиски). Архивирано од изворникот на 2022-07-03. Посетено на 2023-04-14.
  33. „E´ Ultimo l'artista più ascoltato del 2018 su TIMMUSIC“ (италијански). 2018-12-27.
  34. „√ Sanremo 2019, Ultimo vince il premio TIMMUSIC“ (италијански).
  35. „Colpa Delle Favole, il nuovo album di Ultimo: tracklist, cover e significato“ (италијански). 2019-02-14.
  36. „Ultimo, Honiro label e Believe Digital nella storia della discografia italiana“ (италијански). 2019-07-11.
  37. „Ultimo Poesia per Roma. Testo e audio del suo omaggio alla città eterna“ (италијански). 2019-07-05.
  38. „Date tour Ultimo 2020. Svelati gli appuntamenti negli stadi ( Biglietti )“ (италијански). 2019-07-09.
  39. „Ultimo Tour 2020. Parte dei ricavi sarà destinato all'Unicef“ (италијански). 2019-07-10.
  40. „Ultimo Tour Stadi 2020 da record, nuovi sold e nuove date (biglietti)“ (италијански). 2019-09-19.
  41. „San Paolo sold out, Ultimo raddoppia le date: è il primo a suonare per due giorni nello stadio“.
  42. „Ultimo diventa Goodwill Ambassador dell'UNICEF Italia“ (италијански).
  43. „La notizia del giorno #8novembre? Ultimo @IlVeroUltimo è il nuovo Goodwill Ambassador dell'UNICEF Italia! Leggi la news http://ow.ly/ot9u50x5zwB e preparati a gustare il video a #Prodigi2019, il 13/11 in prima serata su @RaiUnopic.twitter.com/iJDQSzlnrh“ (италијански). 2019-11-08. line feed character во |title= во положба 34 (help); Надворешна врска во |title= (help)
  44. „Ultimo è l'artista più ascoltato in streaming, ma il rap domina con Salmo e Sfera Ebbasta“ (италијански).
  45. „Classifica degli artisti e dei brani più popolari di Youtube Italia nel 2019“ (италијански). 2019-12-16.
  46. „Ultimo Tutto questo sei tu è il nuovo singolo inedito in arrivo a dicembre“ (италијански). 2019-11-27.
  47. „X Factor 2019 l'ospite della finale dal Mediolanum Forum è Ultimo“ (италијански). 2019-12-09.
  48. „Classifiche FIMI 51: Tiziano torna primo. Ultimo in vetta nei singoli“ (италијански). 2019-12-21.
  49. 49,0 49,1 „TOP OF THE MUSIC FIMI/GfK 2019: UN ANNO CON LA MUSICA ITALIANA“ (италијански).
  50. „Musica: Ultimo primo cantante ad andare in Africa per Unicef - Ultima Ora“ (италијански). 2020-02-14.
  51. „Nasce Ultimo Records, l'etichetta indipendente per i prossimi progetti di Ultimo“ (италијански). 2020-09-17. Архивирано од изворникот на 2023-04-14. Посетено на 2023-04-14.
  52. „Ultimo 22 settembre è il nuovo singolo del cantautore“ (италијански). 2020-09-21.
  53. „Ultimo fa un regalo di Natale alla madre e ai fan: il nuovo brano "7+3" (италијански). 2020-12-22. Архивирано од изворникот на 2023-04-14. Посетено на 2023-04-14.
  54. „Ultimo Buongiorno vita è il titolo del nuovo singolo in arrivo ad aprile“ (италијански). 2021-03-29.
  55. „Ultimo Buongiorno Vita L'evento, uno spettacolo in diretta streaming“ (италијански). 2021-04-02.
  56. „Ultimo al Colosseo: record di biglietti venduti per un evento streaming“.
  57. „A sorpresa Ultimo annuncia l'uscita del suo quarto album, "Solo" (италијански). 22 септември 2021.
  58. „Ultimo pronto a lanciare il primo singolo da "Solo". Arriva venerdì "Niente" (италијански). 2021-10-13.
  59. „Ultimo - Supereroi (Radio Date: 10-12-2021)“.
  60. „Ultimo annuncia a sorpresa la collaborazione con la superstar internazionale Ed Sheeran. Ecco cosa uscirà il 6 maggio...“ (италијански). 2022-05-04.
  61. „Ultimo - Vieni nel mio cuore (Radio Date: 25-05-2022)“.
  62. „Ultimo - Ti va di stare bene (Radio Date: 28-10-2022)“.
  63. „Giorgia, Mengoni, Ultimo e Oxa tra i Big di Sanremo 2023“. 4 dicembre 2022. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  64. „Sanremo giovani 2022 il resoconto della finale. Passano 6 giovani e il cast di Sanremo 2023 è completo. Ecco i 28 artisti in gara“ (италијански). 2022-12-16.
  65. „Ultimo svela data di uscita e copertina di "Alba", il suo secondo album da indipendente“ (италијански). 2023-01-12.
  66. „Ultimo svela la tracklist di "Alba" e racconta il disco canzone per canzone“ (италијански). 2023-01-21.