Убиство на свиреп и подмолен начин

„Убиство на свиреп и подмолен начин и од ниски побуди“ (српски: Убиство на свиреп и подмукао начин и из ниских побуда) – југословенски филм од 1969 година, во режија на Жика Митровиќ по сценариото на Милан Милиќевиќ - Ланг. Главните улоги ги толкуваат: Михаило Јанкетиќ, Ирена Просен, Зоран Милосављевиќ и Петар Краљ. По темата и по стилот, филмот се надоврзува на филмот на Митровиќ, „Нож“, а се одликува и со тоа што допира една тема која била табу во тогашната југословенска кинематографијаабортусот (кој во тоа време бил незаконски). Исто така, филмот го привлекол вниманието и со тоа што е снимен во стилот „cinema verite“, односно во него се користат и документарни сцени, како и славни личности кои се појавуваат во филмот глумејќи се себеси.[1]

Синопсис

уреди

Убиство извршено во центарот на Белград му обезбедува материјал на еден новинар за да ја пополни својата рубрика. Но, кога милицијата ќе уапси и обвини еден човек, кој по неговото мислење е невин, новинарот се замешува во истрагата при што среќава повеќе личности од чаршискиет кругови и од белградското подземје. Иако го изложува својто живот на опасност, најпосле, новинарот го иткрива убиецот.

Наводи

уреди