Тумба (Породин)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Тумба

Карта

Местоположба 40°55′59″N 21°22′0″E / 40.93306° СГШ; 21.36667° ИГД / 40.93306; 21.36667
Основни податоци
Место Породин
Општина Битола
Тип

 населба


Период неолитско време
Портал „Археологија“

Тумбаархеолошко наоѓалиште во битолското село Породин. Претставува населба од неолитско време. Се наоѓа на растојание од околу 1,5 км источно од селото и на 800 м западно од асфалтниот пат Битола-Лерин, каде во рамнината се издига тумба висока 2,5 м и со пречник во основата од околу 150 м. Во 1953/54 година Народниот музеј од Битола, под раководство на Миодраг Грбиќ и со учество на група соработници, извршил систематско ископување во централниот дел на тумбата. Значајно е откривањето на остатоци од лепеж од ѕидови на трапезоидна куќа и множество подвижен археолошки материјал од кој се издвојуваат керамичките садови, антропоморфната и зооморфната пластика и посебно жртвениците - макети на куќи со антропоморфни цилиндри. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Битола.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  2. 2,0 2,1 2,2 Јован Ф. Трифуновски, (1998) Битољско - Прилепска котлина, Антропогеогрофско проучавање. Београд, САНУ ISBN 8670252678