Труење со јаглерод моноксид
Труење со јаглерод моноксид вообичаено се случува поради вдишување на поголемо количество на јаглерод моноксид (CO).[2] Симптомите често се опишуваат како „слични на грип“ и вообичаено вклучуваат главоболка, вртоглавица, слабост, повраќање, градна болка, и конфузија.[1] Изложеност на поголеми количини може да резултира со губиток на свест, аритмија, напади, и смрт.[1][3] Класично опишуваната „црвена како цреша кожа“ ретко се случува.[3] Долготрајните компликации вклучуваат чувство на замор, проблеми со меморијата и движењето.[4] Кај лица изложени на чад, предвид треба да се земе труење со цијанид.[3]
Труење со јаглерод моноксид | |
---|---|
Јаглерод моноксид | |
Специјалност | Токсикологија, ургентна медицина |
Симптоми | Главоболка, вртоглавица, слабост, повраќање, градна болка, конфузија[1] |
Труење со јаглерод моноксид може да настане случајно или како обид за самоубиство.[5] CO е гас без боја и мирис, кој првично не предизвикува иритација.[4] Се создава при нецелосно согорување на органската материја.[4]
Знаци и симптоми
уредиЈаглерод моноксидот не е токсичен за сите форми на живот. Неговите штетни ефекти се должат на врзувањето со хемоглобинот, па неговата токсичност кај организми кај кои не е присутен хемоглобинот е нејасна. На тој начин нема влијание врз растенијата кои вршат фотосинтеза.[6] Лесно се апсорбира од белите дробови.[7] Вдишување на гасот може да доведе до хипоксична повреда, оштетување на нервниот систем, па дури и смрт. Различни луѓе и популации можат да имаат различни нивоа на толеранција на јаглерод моноксид.[8] Во просек, изложеноста на 100 ppm или повеќе е опасна по здравјето на луѓето.[9]
Акутно труење
уредиГлавни манифестации на труење со јаглерод моноксид се јавуваат во органските системи кои најмногу зависат од кислородот, централниот нервен систем и срцето.[10] Првични симптоми се главоболка, наузеа, малаксаност и замор.[11]
Хронично труење
уредиХроничната изложеност на релативно ниски нивоа на јаглерод моноксид може да предизвика постојана главоболка, замаеност, депресија, конфузија, губиток на меморија, гадење, нарушување на слухот и повраќање.[12][13] Не е познато дали хроничната изложеност на ниски нивоа може да предизвика трајно невролошко оштетување.[14] Вообичаено, по прекинување на изложеноста на јаглерод моноксид, симптомите исчезнуваат, освен доколку нема епизода на сериозно акутно труење.[12]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеCDC2015FAQ
. - ↑ Schottke, David (2016). Emergency Medical Responder: Your First Response in Emergency Care (англиски). Jones & Bartlett Learning. стр. 224. ISBN 978-1284107272. Архивирано од изворникот на 10 September 2017. Посетено на 2 July 2017.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Guzman, JA (October 2012). „Carbon monoxide poisoning“. Critical care clinics. 28 (4): 537–48. doi:10.1016/j.ccc.2012.07.007. PMID 22998990.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 Bleecker, ML (2015). „Carbon monoxide intoxication“. Handbook of clinical neurology. Handbook of Clinical Neurology. 131: 191–203. doi:10.1016/B978-0-444-62627-1.00024-X. ISBN 978-0444626271. PMID 26563790.
- ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеBuck2011
. - ↑ „Carbon monoxide“. ernet.in. Архивирано од изворникот на 2014-04-14.
- ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеErnst
. - ↑ Raub JA, Mathieu-Nolf M, Hampson NB, Thom SR (April 2000). „Carbon monoxide poisoning-a public health perspective“. Toxicology. 145 (1): 1–14. doi:10.1016/S0300-483X(99)00217-6. PMID 10771127.
- ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеProckop
. - ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеKao
. - ↑ Hardy KR, Thom SR (1994). „Pathophysiology and treatment of carbon monoxide poisoning“. Journal of Toxicology. Clinical Toxicology. 32 (6): 613–29. doi:10.3109/15563659409017973. PMID 7966524.
- ↑ 12,0 12,1 Fawcett TA, Moon RE, Fracica PJ, Mebane GY, Theil DR, Piantadosi CA (January 1992). „Warehouse workers' headache. Carbon monoxide poisoning from propane-fueled forklifts“. Journal of Occupational Medicine. 34 (1): 12–15. PMID 1552375.
- ↑ Johnson, Ann-Christin (2009). The Nordic Expert Group for criteria documentation of health risks from chemicals. 142, Occupational exposure to chemicals and hearing impairment. Morata, Thais C. Göteborg: University of Gothenburg. ISBN 978-9185971213. OCLC 939229378.
- ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеgoldfranks
.
Надворешни врски
уредиКласификација | |
---|---|
Надворешни извори |