Трсино (археолошко наоѓалиште)
археолошко наоѓалиште во Македонија
„Трсино“
| |
Местоположба | 41°54′38″N 22°38′58″E / 41.91056° СГШ; 22.64944° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Трсино |
Општина | Виница |
Тип |
|
Период | римско време |
Портал „Археологија“ |
Трсино — археолошко наоѓалиште во виничкото село Трсино. Претставува римска населба и некропола - могили. Во селото, а посебно покрај реката, се откриени темели од ѕидови на повеќе градби, а на површината има остатоци од градежен материјал. На околу 400 м северно од селото, од десната страна на патот кон Драгобрашта, се наоѓаат две поголеми могили. Едната има пречник во основата од 23 м и височина 1,5 м, а втората 25 м пречник во основата и височина од 2 метри. Поради копање на војнички ровови могилита ја имаат загубено првобитната височина.[1]
Поврзано
уреди- Дебоки Дол — доцноантичка населба;
- Манастирски Дол — доцноантичка населба;
- Прибен — доцноантичка населба;
- Црквиште — средновековна црква;
- Трсино;
- Список на археолошки наоѓалишта во Виничко.
Наводи
уреди- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 94. ISBN 9989649286.
Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |