Трпчева Црква (Кален)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Трпчева Црква

Карта

Местоположба 41°15′24″N 21°38′43″E / 41.25667° СГШ; 21.64528° ИГД / 41.25667; 21.64528
Основни податоци
Место Кален
Општина Прилеп
Тип

 црква  населба


Период среден век
Портал „Археологија“

Трпчева Цркваархеолошко наоѓалиште во прилепското село Кален.

Претставува црква и населба од среден век.

На 2 км југоисточно од селото и на околу 300 м лево од патот Прилеп-Витолиште се гледаат остатоци од сакрален објект со полукружна апсида ѕидана од кршен камен и варов малтер. Од северната и јужната страна има по еден анекс, ѕидан исто така од кршен камен и варов малтер. На неколку места во ѕидот се гледаат архитектонски елементи од мермер употребени како сполии. Околу објектот, на површина од 300 х 150 м има остатоци од темели и многу градежен материјал. [1].

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 301, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069