Маркови Кули (Кален)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Маркови Кули

Карта

Местоположба 41°15′24″N 21°38′43″E / 41.25667° СГШ; 21.64528° ИГД / 41.25667; 21.64528
Основни податоци
Место Кален
Општина Прилеп
Тип

 тврдина


Период доцноантичко време
среден век
Портал „Археологија“

Маркови Кули археолошко наоѓалиште во прилепското село Кален.

Претставува тврдина од доцноантичко време и среден век

На доминантна карпеста височина со зарамнето плато, што се наоѓа на 1 км североисточно од селото, се гледаат остатоци од разурнати градби. Од северозападната страна тврдината е заштитена со дебели бедемски ѕидови широки околу 1,50 м, а од југоисточната со стрмни карпи. Вдлабнатите кружни отвори во карпите упатуваат на лежишта од конструкции на градби. Тврдината има две нивоа. Била изградена и користена во рановизантискиот период, а обновена во средниот век. [1].

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 301, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069