Катун (Кален)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Катун

Карта

Местоположба 41°15′24″N 21°38′43″E / 41.25667° СГШ; 21.64528° ИГД / 41.25667; 21.64528
Основни податоци
Место Кален
Општина Прилеп
Тип

 населба


Период среден век
Портал „Археологија“

Катун археолошко наоѓалиште во прилепското село Кален.

Претставува населба од среден век.

На околу 200 м западно од селото и 50 м лево од патот за селото Кокре има природна височинка на чија површина се среќаваат фрагменти од керамички садови, покривни ќерамиди, расфрлени камења и камени плочи. Најголемата концентрација на остатоците е на простор од околу 100 х 50 м, издолжен во правец исток-запад. Оттука потекнува камена мелница која се чува во куќата на Божин Бошевски[1].

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 301, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069