Тројански манастир

(Пренасочено од Тројански Манастир)

Тројанскиот манастир (бугарски: Троянски манастир) е трет по големина православен манастир во Бугарија, по Рилскиот и Бачковскиот манастир. Тој е ставропигијален манастир на Бугарската православна црква. Се наоѓа во северниот дел на земјата, на брегот на реката Црн Ос’м, во близина на селото Орешак, на 10 километри од градот Тројан. Денес, посетителите на манастирот можат да ја дегустираат познатата сливова ракија, варена според стар рецепт од манастирот.

Тројански Манастир
Поглед на манастирот
Основни податоци
МестоБугарија Орешак, Бугарија
Координати42°52′39″N 24°46′35″E / 42.87750° СГШ; 24.77639° ИГД / 42.87750; 24.77639
Припадностправославие
ЕпархијаЛовечка област
Осветен16 век
ВодствоЛовчанска епархија
Архитектонски опис
Завршен19 век

Историја

уреди

Манастирот е основан кон крајот на 16 век. Во текот на 17. и 18. век, тешко бил оштетен од страна на неколку турски напади, по што бил обновен во 1830 година. Познат е по својата исклучителна резба, којашто е дело на занаетчии од градот Тројан, а особено по својата чудотворна икона на Богородица Трорачица. Иконата е копија на чудотворната икона од Хиландарскиот манастир од 14 век. Според легендата, иконата била донесена на ова место од страна на монах од Света Гора. Тој останал испосник во овие краишта кратко за време на своето патување во Влашка. Црквата „Пресвета Богородица”, во која се чува иконата, е изградена во 1835 година. Фреските на манастирската црква се дело на познатиот бугарски мајстор Захарија Зограф.

Покрај религиозното значење, Тројанскиот манастир е познат и како место во коешто твореле познати писатели, учители и преведувачи. Меѓу нив, особено значење има Спиридон Габровски, автор на делото „Кратка историја за бугарскиот словенски народ“ (1792). Исто така, манастирот е поврзан и со борбата на Бугарите против отоманската власт. За време на Руско-турската војна од 1877 до 1878 година, манастирот бил претворен во болница за руските војници.

Надворешни врски

уреди