Тропоја, изворно: Трополе (албански: Rrethi i Tropojës) — еден од 36-те окрузи во Албанија. Округот има население од 16,260 жители[1] и површина од 1,043 км2. Округот се наоѓа во северниот дел од земјата и главен град е Бајрам Цури.[2] Местото е исто така познато по многуте костенови дрвја и реката Валбона, како и богатата народна култура. 75% од населението се муслимани, додека останатите 25% се католици. Во округот се наоѓаат следните населени места:

Тропоја
Тропоја
Бајрам Цури

Географија

уреди

Округот се наоѓа на североисточниот дел на Албанија, на границата со Косово и Црна Гора.

Тропоја лежи на горниот регион во источниот дел на Северно-Албанските Алпи. Вториот по висина планински врв во Албанија, Езерца (2693м), се наоѓа на западната граница на округот, каде што на територијата на округот зафаќа должина од 2000 километри. Во централниот дел на округот, меѓу населените подрачја се наоѓа Бајрам Цури и Тропоја каде што е формирана котлина. Јужната граница е формирана со текот на реката Дрим, на источниот дел се наоѓа Фиерза, а на запад Команскиот водопад. Главна река на округот е Валбона. Оваа река исто така формира долина, од Бајрам Цури на северозапад. Околу 8000 хектари од долината Валбона е национален парк.

Округот Тропоја исто така е наречен и Ѓаковица по истоимениот град во Косово, поради тоа што е сместен 25 километри источно од Тропоја. Според Лондонскиот мировен договор од 1913 година, е воспоставена нова граница на Албанија, Округот Тропоја беше одсечен од својот главен трговски центар, како и многуте села во околината. Ситуацијата во овој дел од границата беше напната во текот на граѓанската војна во Албанија во 1997 година како и по завршувањето на Косовската војна во 1999 година кога завршија воените дејствија и беше воспоставен граничниот премин Ќафа Морина (висок 568 метри), кој дотогаш беше контролиран од Војската на Југославија. Во тој дел до ден денес се наоѓаат и неексплозивни направи и мини.

Меѓународен глас

уреди

Во Албанија, Тропојскиот округ долго време имал глас како еден од најдивите и најконзервативните региони во Албанија, практично вон контрола од секоја влада во Тирана, ројалистична, комунистичка или републиканска.

Канадската влада моментално препорачува против непотребно патување во Тропојскиот округ и градот Бајрам Цури, каде полициската контрола и заштита е ограничена.

Австралиската влада му препорачува на своите граѓани да размислат ако патуваат во североисточниот регион вклучувајќи ги градовите Бајрам Цури и Тропоја поради ризик од криминално насилство и експлозивна и вжештена атмосфера на албанско-косовската граница.

британската влада издаде слично предупредување за патниците предупредувајќи ги да не патуваат во североисточните гранични региони (областите Кукс, Хас и Тропоја меѓу Албанија и Косово поради ризик од ескалирање на насилство и оваа наредба е стапена во сила во текот на Косовската војна и лошата состојба на патиштата. Британскиот весник Гардијан во 1999 објави дека во Бајрам Цури, семејниот арсенал обично одзема голем простор и типично вклучува антитенковски мини, рачни гранати и ракети.

Во 1999, хаос и беззаконие воведе сите надворешни тимови освен ОБСЕ да се повлечат од Тропоја во ноември.

Наводи

уреди
  1. „POPULLSIA SIPAS RRETHEVE, 2001-2010“. Albanian Institute of Statistics. Архивирано од изворникот на 2011-07-24. Посетено на 2010-09-09.
  2. „Administrative Divisions of Albania“ (PDF). INSTAT. 2007. Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-07-24. Посетено на 12 January 2011.

42°23′N 20°3′E / 42.383° СГШ; 20.050° ИГД / 42.383; 20.050