Валбона (албански: Valbonë или Valbona) — река во северна Албанија со должина од 50,6 км, позната нејзината чистота и недопрената природа во нејзиното поречие. Извира од планината Проклетие, кај границата со Црна Гора и претставува најзначаен водотек на планината[1]. Тече во источен правец, и тоа низ општината Маргегај (планинските села Валбона, Драгобил и Шошан), а потоа свртува на југ долж градот Бајрам Цури, па продолжува во јузападен правец сè до Фиерза во Тропојскиот округ, каде се влева во Дрим.

Валбона
Изворно имеValbonë
Местоположба
Физички особености
УстиеДрим
42°15′59″N 20°1′19″E / 42.26639° СГШ; 20.02194° ИГД / 42.26639; 20.02194
Должина50,6 км
Особености на сливот

Долината на реката е позната по својата природа и затоа е заштитена како Национален парк Долина на Валбона.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Wolfgang Fremuth (Herausgeber): Albania - Guide to it's Natural Treasures, Verlag Herwig Klemp, Tirana 2000, ISBN 3-931323-06-4

Надворешни врски

уреди