Три воени другари (роман)
Три воени другари (германски: Drei Kameraden) — роман од германскиот автор Ерих Марија Ремарк, кој првпат бил објавен во 1936 година. Романот е напишан во прво лице еднина од страна на главниот лик, Роберт Локамп. Неговиот светоглед кон животот е делумно разочарувачки, а тоа се должи на неговите ужасни искуства во рововите на француско-германскиот фронт на Првата светска војна. Тој ги споделува овие искуства со Ото Кестер и Готфрид Ленц, неговите двајца воени другари, со кои заедно водат автомеханичарски сервис во доцните 1920-ти, најверојатно во Берлин. Ремарк го напишал романот во егзил и за првпат бил објавен во холандски превод како Дри Камераден, а англискиот превод следел наскоро во списанието Доброто домаќинство, од јануари до март 1937 година, а и како книга (во книжна форма) истата година. Првото издание на германски јазик било објавено во 1938 година од страна на издавачот во егзил Кверидо во Амстердам, а романот бил објавен во Германија дури во 1951 година.
Автор | Ерих Марија Ремарк |
---|---|
Изворен наслов | Drei Kameraden |
Јазик | германски |
Жанр | воен роман |
Издавач | Литл, Браун и компанија (Little, Brown and Company) (САД) Хачинсон и компанија (Hutchinson and Co) (ОК) |
Издадена | December 1936 (Dutch transl.) |
Published in English | 1937 |
Дејство
уредиГрадот, кој никогаш не се нарекува по име (меѓутоа, најверојатно е Берлин), е преполн со сè поголем број на невработени и е одбележан со зголемување на насилството помеѓу левицата и десницата. Романот започнува во пропадната средина на барови, каде што проститутките се мешаат со безнадежните отпадници кои војната ги оставила зад себе. Додека Роберт и неговите пријатели успеваат да заработат за живот, тргувајќи со автомобили и возејќи старо такси, економскиот опстанок во градот станува сè потежок секој ден. Во ова окружување, Роберт се сретнува со Патрис Холман (Пат), мистериозна, убава, млада жена со потекло од високата средна класа. Нивната љубовна врска се интензивира и како што тој ја воведува во неговиот животен стил на барови и трки, полека нихилистичкиот став на Роберт почнува да се менува, бидејќи сфаќа колку таа му е потребна.
Приказната нагло скршнува кога Пат страда од скоро фатално крвавење во белите дробови за време на летниот одмор крај море. По нивното враќање, Роберт и Пат се вселуваат заедно, но нејзините денови во градот се избројани, бидејќи таа треба да замине во санаториум во планините во Швајцарија штом дојде зимата. Токму ова времено ограничување на нивната среќа го прави нивното преостанато време заедно толку скапоцено.
Откако Пат заминува за Швајцарија, политичката ситуација во градот се загрева, и Ленц, еден од тројцата другари, е убиен од милитарист, за кој иако директно не се спомнува во книгата по име, се претпоставува дека е нацист. Дополнително, Ото и Роберт се соочуваат со банкрот и се принудени да го продадат сервисот. Во средината на овие несреќни случувања, пристигнува телеграма која ги информира за влошената здравствена состојба на Пат. Двајцата преостанати воени другари не се двоумат, и ги возат илјадата километри до санаториумот за туберкулоза во Алпите за да ја видат.
Повторно обединети, Роберт и Пат, која е во сѐ потешка здравствена состојба (на умирање), ги слават нивните преостанати недели пред нејзината неизбежна смрт, среде снежните врвови на Швајцарија. Во последниот дел од книгата оваа љубовна приказна има завршница и го остава главниот лик, нихилист кој има најдено љубов, засекогаш изменет.
Филмски, телевизиски и театарски адаптации
уредиРоманот е адаптиран во американски филм со ист наслов во 1938 година, во кој играат Франчот Тон, Роберт Тејлор, Роберт Јанг и Маргарет Саливан, а исто така се верува дека бил инспирација за филмот од 1978 година на режисерот Мајкл Чимино - Ловец на елени. Последниот филм на Хајао Мијазаки, Ветрот се засилува, исто така следи впечатливо сличен тек на настаните, иако е поставен во Јапонија во истиот временски период.
Цветовите од победниците (1999), во режија на Александар Сурин , исто така е заснован на романот, но поставен во Русија во 1990-тите.