Трипрсен коњ
Период: среден миоцен - плеистоцен[1]
Трипрсни коњи
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Цицачи
Ред: Непарнокопитни
Семејство: Коњи
Род: Хипарион
De Christol, 1832
Видови
  • H. concudense
  • H. dietrichi
  • H. fissurae
  • H. forcei
  • H. laromae
  • H. lufengense
  • H. molayanense
  • H. phlegrae
  • H. prostylum
  • H. sellardsi
  • H. shirleyae
  • H. tehonense

Трипрсен коњ или хипарион (науч. Hipparion, од старогрчки: ἱππάριον „коњче“) — род изумрени коњи кои живееле во Северна Америка, Азија, Европа и Африка од миоценот до плеистоценот (пред ~23 — 0,7 мг), или вкупно 22 милиони години.

Живеалиштето или биомот на трипрсниот коњ биле тревести низини, прерии или степи.

Останки во Македонија

уреди

Македонија е особено богата со останки од трипрсниот коњ, од кој досега се пронајдени седум видови.[2] Најпознати палеонтолошки наоѓалишта на овој праисториски коњ се:

Таксономија

уреди
 
Вилица Hipparion rocinantis crusafonti
 
Вилица на Hipparion mediterraneum

Името на животното му го дал де Кристол (1832), утврдувајќи дека му припаѓа на семејството коњи (Equidae). Подоцна во 1998 г. Макфаден го сместува во потсемејството Hipparionini.[3][4][5]

Морфологија

уреди

Трипрсниот коњ личел на денешниот коњ, но покрај самото копито, сè уште имал три рудиментни надворешни прсти кои не се допирале на земја. Бил висок 1,4 м [1]

Тежина

уреди

Лежандр и Рот испитале три примероци тежина, со што се утврдени следниве проценки:[6]

  • Примерок 1: 118,9 кг
  • Примерок 2: 69,4 кг
  • Примерок 3: 62,8 кг

Видови

уреди
  • Hipparion anthonyi Merriam 1916
  • Hipparion chiai Liu et al. 1978
  • Hipparion concudense Pirlot 1956
  • Hipparion condoni Merriam 1915
  • Hipparion crassum Gervais 1859
  • Hipparion dietrichi Wehrli 1941
  • Hipparion fissurae Crusafont and Sondaar 1971
  • Hipparion forcei Richey 1948
  • Hipparion gromovae Villalta and Crusafont 1957
  • Hipparion laromae Pesquero et al. 2006
  • Hipparion longipes Gromova 1952
  • Hipparion macedonicum Koufos 1984
  • Hipparion matthewi Abel 1926
  • Hipparion mediterraneum Roth and Wagner 1855
  • Hipparion molayanense Zouhri 1992
  • Hipparion periafricanum Villalta and Crusafont 1957
  • Hipparion phlegrae Lazaridis and Tsoukala 2014
  • Hipparion rocinantis Hernández Pacheco 1921
  • Hipparion sanfondensis Frick 1933
  • Hipparion sanjuanensis Frick 1933
  • Hipparion sellardsi Matthew and Stirton 1930
  • Hipparion shirleyae MacFadden 1984
  • Hipparion tehonense Stirton 1940
  • Hipparion weihoense Liu et al. 1978[7]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Palmer, D., уред. (1999). The Marshall Illustrated Encyclopedia of Dinosaurs and Prehistoric Animals. London: Marshall Editions. стр. 257. ISBN 1-84028-152-9.
  2. „За трипрсниот коњ во Македонија“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2015-04-19.
  3. J. T. Thurmond and D. E. Jones. 1981. Fossil Vertebrates of Alabama 1-244
  4. R. L. Carroll. 1988. Vertebrate Paleontology and Evolution. W. H. Freeman and Company, New York 1-698
  5. B. J. MacFadden. 1998. Equidae. In C. M. Janis, K. M. Scott, and L. L. Jacobs (eds.), Evolution of Tertiary Mammals of North America 1:537-559
  6. S. Legendre and C. Roth. 1988. Correlation of carnassial tooth size and body weight in recent carnivores (Mammalia). Historical Biology 1(1):85-98
  7. „Classification of the genus Hipparion — The Paleobiology Database“. Архивирано од изворникот на 2018-11-12. Посетено на 2015-04-19. no-break space character во |title= во положба 42 (help)

Надворешни врски

уреди