Трипо Кокоља

Трипо Кокоља, (роден на 28 февруари 1661, во Пераст - починат во 18 октомври 1713, на Корчула) — бокељски сликар.

Трипо Кокоља
Tripo Kokolja.jpg
Роден 28 февруари 1661
Пераст
Починал 18 октомври 1713
Корчула

Сликарство учел, најверојатно, во Венеција. Најзначајно негово дело во сликарството е декорацијата на внатрешноста на црквата Госпа од Шкрпјела на островцето пред Пераст.

Сликите на Кокоља се изразито барокни, полни со темперамент и динамика, но квалитативно невоедначени, носејќи честопати изразит провинциски печат. Доминантно кај нив е влијанието на венецијанското сликарство од 17 век. Кокоља прв го внел пејзажот и мртвата природа како самостојна тема во барокното сликарство на Далмација.