Отоманска Триполитанија

(Пренасочено од Триполитаниски ејалет)

Отоманска Триполитанија претставувал крајбрежен реон во Отоманското Царство во периодот од 1551 до 1911 година. Од 1864 година реонот бил претворен во вилает отомански јазик: ولايت طرابلس غرب ). Триполитанија се наоѓала на територијата на денешна Либија и во историјата била позната како Триполитанско царство иако технички не претставувала царство туку османлиска провинција каде владееле паши. Во периодот од 1711 до 1835 година управувала династијата Караманли како наследни монарси.

ولايت طرابلس غرب
Vilâyet-i Trâblus Gârp
Ејалет, Вилает на Отоманско Царство
 

1551–1911

Знаме на Отоманска Триполитанија

Flag of the Ottoman Empire (1453-1844)[1]

Местоположба на Отоманска Триполитанија
Местоположба на Отоманска Триполитанија
Триполитанија во 1900
Главен град Триполи
Историја
 -  Основана 1551
 -  Османлиско-италијанска војна 18 октомври 1911
Денес во Либија
Дел од темата Либија

Историја на Либија

Рана историја
Исламска Либија
Османлиска Либија
Италијанска Либија
Модерна историја
Либија

Портал:Либија

Покрај Триполитанија, Барса исто така била дел од провинцијата[2].

Освојување

уреди

До почетокот на 16 век либискиот брег имал минимална централна власт и најчесто била под владение на пиратите. Во 1510 година Шпанија го окупирала Триполи. Шпанските сили повеќе се занимавале со контролата на морето отколку со непријателите во земјата. Во 1530 година Малта заедно со Гоцо биле отстапени на витешкиот Малтешки ред како награда за нивната помош во војната за Родос против Османлиите. Христијаните со Триполи владееле до 1551 година кога територијата била заземена од познатиот отомански адмирал Синан Паша и Тургут Рејс. Тургут подцна бил прогласен за паша на Триполитанија. Слично како во останатите соседни земји, така и Триполитанија имала голема автономија во управувањето.

Така Магреб бил поделен на три провинции и тоа Алжир, Тунис и Триполи. По 1565 година администрацијата во Триполи била дадена на јаничарите кои станале доминантна сила во Либија.

Караманлиска династија

уреди

Во 1711 година, Ахмед Караманли ја основал истоимената династија која со земјата владеела 124 години. Во тие години се случила и Либиската граѓанска војна (1791-1795). Во 1801 година Јусуф Караманли побарал зголемување на данокот на Соединетите Американски држави за заштита на нивната трговија од пирати. Но американската млада држава го одбила барањето и го блокирала пристаништето со Триполи каде војната траела до 1805 година.

Обнова на османлиската власт

уреди

Во 1835 година владата на султанот Махмуд II ги искористила локалните нереди и ја вратил својата директна власт во земјата. Старото домородско движење на чело со Саид Мухамед Али повикало на спротивставување против османлиската власт.

Османлиско-италијанска војна

уреди

Османлиско-италијанската војна била воен конфликт помеѓу Италија и Османлиското Царство, во периодот од 1911 до 1912 година. Во историографијата често е нарекувана Триполитанска војна. Воените дејствија заппочнале на 29 септември 1911 година, а мировниот договор бил потпишан во Лозана на 18 октомври 1912 година. Според договорот, територијата на денешна Либија попаднала под Италија.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. "The Karamanli-era flags have always an uneven number of horizontal stripes, alternatively red and yellow. The flags of the Tripoli Regency were hoisted on forts and armed vessels in Tripoli, Benghazi, and Derna. Civil ensigns were plain red, similar to the Ottoman Empire civil ensign." (Historical Flags of Tripoli, Ivan Sache, 8 October 1999, Flags of the World, citing L. Philippe in Franciae Vexilla (ISSN 1270-0096) #15/61, September 1999, who in turn refers to "A letter dated 20 December 1818 from France consul in Tripoli de Barabrie [of Barbaria], with a companion colour plate, now kept in file 3JJ434 in naval section of the French National Archives."). Other flags were in use. "In the Turkish period Libya used various flags: red with three yellow or white crescents in different positions, and a horizontal red, green, white, red, white, green, red flag." (Historical Flags of Tripoli, Jaume Ollé, 29 September 1996, Flags of the World). A green flag with three crescents is shown by Johnson's new chart of national emblems (ca. 1868).
  2. Thomas Salmon, Modern history or the present state of all nations, vol. 3, 1746, p. 84. Archibald Bower et al., An universal history: from the earliest accounts to the present time, 1760, vol. 18, p. 479.