Триод[1][2] или трипеснец[3][4](грчки: Τριῴδιον, од τρεις - три + ωδή - песна) — зборник од канони, кои се состојат од три пеења. Постојат стари ракописи на црковнословенски јазик. Првиот печатен триод е издаден во Венеција.

Фрагмент од Битолскиот триод
Фрагмент од Орбелскиот триод

Триодoт ги покрива подвижните празници на годината, празниците чии датуми не се фиксни, туку зависат од деновите на празнувањето на Велигден - од подготвителната недела за великите пости до втората недела по Педесетница (Духовден).

Посен и цветен триод

уреди

Во богослужбата има посен триод и цветен триод.

Посен триод

уреди

Посен триод (Τριῴδιον κατανυκτικόν) - содржи служби на подготвителните и великопосната недела, од првата недела - почнувајќи со неделата на митарот и фарисејот, до Велигден. Повеќето автори на молитвени текстови (канони, стихири, антифони и др.) се од 8 и 9 век – Андреј Критски, Козма Мајумски, Јован Дамаскин, император Лав VI, и др.

Цветен триод

уреди

Цветен триод (пентикостар, петдесетодневник) – ги вклучува службите за Велигден (започнува со Лазарова сабота) и недела по Воскресението Христово до втората недела по Педесетница.

Познати триоди

уреди

Познати македонски триоди се:

Наводи

уреди
  1. „триод“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „триод“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  3. Таковски, Јован, протојереј (1999). „Терминологија од областа на теологијата“ (PDF). Македонска терминологија. Скопје: МАНУ. 102 (4): 100.
  4. „трипеснец“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик